ЗА НАС

КОНЦЕПТ МАМА

ИНСТАГРАМ

    Инспирација

    ПРИКАЗНИ ЗА МАЈЧИНСТВОТО : Раѓање без страв

    Во 2011 се омажив за мажот од моите соништа. Бев прилично болна пред свадбата и изгубив многу од телесната тежина. Позитивната страна на тоа беше што можев лесно да го закопчам венчалниот фустан. Лекарите ми кажаа дека најверојатно нема да можам да имам деца и доколку се случи чудо, да имам, најверојатно ќе ги изгубам за време на бременоста.

    Со сопругот си поминавме прекрасно на медениот месец и се вративме полни со љубов и енергија за животот. Недела дена подоцна ми задоцни менструацијата. Решив да направам тест за бременост. Ми беше досадно, во ниеден момент не помислив дека тестот може да биде позитивен. Кога го видов резултатот за малку ќе паднев од креветот.

    Мојот сопруг беше во шок. Пцуеше и беше преплашен. Кратко време потоа се навикна на новите случувања. Кога бев во шестата недела имав прилично многу крварења и решив да отидам на лекар, помислив дека ќе го изгубам бебето и ми требаше потврда од лекарот дека сеуште сум трудна. Ми потврдија дека сé е во ред. Бев надвор од себе од радост.

    По три месеци, повторно крварење, отидов на лекар со најдобрата другарка. Не го очекував одговорот – близнаци!

    Му се јавив на сопругот и го слушнав како викна од другата страна на телефонот. До ден, денеска не знам дали викањето беше од радост или од страв.

    По 5 месеци моите близначиња се родија предвремено, на 26 недели. Од овој шок секојдневно закрепнуваме. Тој ни ги смени животите засекогаш.

    Секој ден се заблагодарувам дека претходно,  со години подучував хипно-раѓање* (Хипно-раѓање е техника на породување чија основна цел е да го отстрани стравот. Следствено се намалува или целосно отстранува болката, за којашто се тврди дека е негов резултат.).  Ги користев своите алатки и техники за време на породувањето за да ги родам своите деца природно и безбедно. Поминувањето низ каналот за раѓање им помага многу на прерано родените бебенца, може да им даде природна почетна поддшка во животот. Прилично сум сигурна дека начинот на кој се породив овозможи денеска моите деца да бидат здрави.

    Предвремените породувања се многу поинтензивни од породувањата на време. Како што ми се зголемуваа контракзиите, паднав целосно во состојбата на хипно-раѓање: очите затворени, длабоко дишење, сопругот нежно ми зборуваше на увото..Бев на посебно место – се замислував како да сум во базен, осветлувањето е минимално, а нежните звуци наоколу ги галат моите контракции.

    Го слушнав докторот како нареди да ми го проверат пулсот. Бев толку длабоко во медитација што изгледаше како да спијам или како да сум се онесвестила. Го родив моето прво, Ксандер, сосема природно со 3 длабоки дишења. Џои, се имаше превртено на местото што го остави неговиот брат. По закана од царски рез и внатрешно превртување, ги замолив лекарите да пробаме природно. Дојде тим и ми помогнаа од надвор да го наместиме Џои во правилна позиција. Се роди и тој, целосно природно.

    3 дена откако се родија, не можев да ги држам моите момци. Беа толку малечки и се бореа за живот. Денеска се нормални момчиња и секој ден ме воодушевваат со нивната сила и љубов.

    Моето породување беше сосема спротивно од она што го замислив, но благодарение на хипно-раѓањето и поддршката на мојот сопруг за време на породувањето можам да се завртам назад и да кажам дека го дадов најдоброто од себе. Беше неверојатно позитивно искуство и се гордеам со тоа. Денеска сум уште повеќе инспирирана да подучувам хипно-раѓање и да им помагам на мајките да го доживеат најдобро што можат при своето породување.

    Породувањето не е никогаш совршено, но може да биде позитивно. Моето дефинитнвно беше такво.

    Софи Енглифилд

    http://birthwithoutfearblog.com/

    https://www.hypnobirthingforyou.co.uk/

    Својата приказна за мајчинството пратете ни ја на следниов линк:

    https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSdl8lZhr9-RozXX3hzPjBRch1VRXiRKb0OZHH17qI_RTYeKvA/viewform

    Концепција – конкурс за приказна

     

     

  • Концепција

    Приказни за мајчинството: царски рез

    Родив прекрасна здрава девојка на 26ти септември 2017 во 5 часот и 23 минути. И го дадовме името Макоа што значи бестрашен воин. На денот на закажаниот царски рез се чувствував смирено. Денот…

  • Концепт мама

    Посета на изложба: родителско-детско урбано живеење

    Пред да имам дете секогаш го замислував родителството како еден преодреден формат на однесување кон своето дете, кон околината и кон својата сопствена личност. Ваквата перцепција и до денес во многу…

  • Експерти и совети

    Здрава храна за Велигден

    Фотографиите се превземени од : https://www.instagram.com/magnesium_blue/ *  Текстот е преземен од платформата http://www.cherish.us/explore/2016/3/26/healthy-hippity-hoppity-easter-ideas?rq=easter. Во преводот е изоставена содржината која се однесува на рекламирањето конкретни комерцијални производи и последниот параграф кој се…

  • Концепт мама

    Концепција – конкурс за приказна

    Концепција Приказни за мајчинството Сите тие расположенија, спомени, чувства, љубов, трансформации, внатрешни монолози и поминати миниживоти. Концепт мама сака да ги слушне Вашите скриени, интимни постови, невидливи гласови. Со проектот „Концепција” Ве повикуваме…

  • Експерти и совети

    10 против температура

    „Во светот постои луда паника дека високата температура е проблем за малите деца. Напротив, температурата помага да се создаде имунитетниот систем”, ни вели лекарот на прегледот минатата сабота. За нас, како…

  • Баланс мама

    Родителство од мечти: интервју со Мери Костуранова

    Во сликите од нивното секојдневие може да пронајдеме мечтателски ентериери, инспирација, семејна топлина. Мери и Ване Костуранови освен своите уметнички изразувања ги делат и раскажувањето на семејни приказни преку уметност, бои,…

  • Инспирација

    Разигран моден стил во бременоста: интервју со Ирина Тошева

    Со Ирина Тошева модните парчиња се секогаш разиграни. Таа го користи женското тело како платно за шарени, смели и урбани комбинации. Со неа имавме одлична прилика да соработуваме на ташната за…