Разгледување на категоријата

Концепт мама

Концепт мама

Vlogging: Концепт мама на Youtube

Драги читатели,

Среќни сме што можеме да ви најавиме нов Youtube канал на Концепт мама каде ќе можете да следите видеа на различни теми од бременоста, породувањето и раното родителство. Се надеваме дека со ова ќе побудиме интерес кај вас и ќе започнеме дискусии на некои од темите кои не засегаат сите нас секојдневно. Во првото видео Концепт мама ги објаснува 7те B на Attachment parenting: поврзување по породувањето, доење, спиење заедно, носење на бебе, внимавање со бебе-тренинзите, верба во плачот на своето бебе-дете и баланс заедно споделувајќи и некои од нејзините лични искуства. Доколку сакате да знаете повеќе за одредена тема пишете ни и ќе ни биде драго да ја продлабочиме во некои од следните видеа.

Ви посакуваме убав викенд.

Ваша,

Концепт мама

Концепт мама

Концепт мама блог: Мафин

Здраво на сите!

Оваа недела славиме втор роденден на нашата ќерка 🙂 Кога помина? Искрено има периоди кои поминуваат побрзо, некои поминуваат побавно, сепак важни се миниживотите кои ги изминуваме заедно и во кои растеме, созреваме, учиме и надминуваме одредени потешкотии. Викендов се подготвуваме за роденденска забава дома кај нас 🙂

На почетокот на неделата решивме да подготвиме мафини за дечињата од градинка. Си помислив дека би било убаво да ги правиме заедно со мојата ќерка. Обично се трудам колку што можам да споделам некои од обврските по дома со неа. Некогаш тоа личи на игра, некогаш е хаос, некогаш е сосема симпатично како се труди и таа и јас да ги споделиме обврските. Во нашите родителски пристапи веруваме и јас и Концепт тато дека е важно да се делат домашните обврски (на сите тројца:). И така во кујната заедно правевме мафини: ја вклучив во мешањето, во редењето на корпи во калапот, се разбира и во пробувањето на мафините.

Продолжи со читање

Баланс мама Концепт мама

ИЗВАДОК ОД КНИГАТА „КОНЦЕПТ МАМА“ : БАНГКОК

Знаете, „Концепт мама” не е „обична книга за мајки” 😉 Таа ме однесе на патување, а јас се надевам дека ќе можам да ве земам со себе.

Пред скоро време имав прилика повторно да го посетам Бангкок. Уште еднаш ми се потврди дека од таму сѐ уште можам да црпам нова инспирација од градот, луѓето кои ги познавам. Во ова неделно попладне тоа ме инспирираше да споделам со вас еден извадок од „Концепт мама”.

Во Бангкок живеев вкрстувајќи ги моите три љубови: истражувањето на градот како феномен, предавањето на факултет и усовршувањето во урбаното проектирање. Мојата љубена професионална трилогија. Од друга страна, Бангкок како контекст бараше од мене да го испразнам умот од многу претходни сознанија и да бидам отворена за ново созревање. На почетокот, често бев изненадена и збунета од однесувањето на моите тајландски студенти и од различноста во животниот стил наспроти она на што бев навикната. Наутро ќе ме пречекаше мотоцикл-таксито, во далечина се слушаше ѕвончето од човекот што продаваше топка сладолед од ванила во земичка, лимонадата ќе ја добиев во кесичка со цевка и ќе вкусев лимон со сол (за надополнување на изгубените електролити од континуираното потење), во поштата ми стигнала виза-картичката со ликот на Хелоу Кити (да, сериозно!), забележував огромни панделки на стеблата, дрвја прогласени за свети, обвиткани со ткаенина во боите на виножитото. Во допир со тајландската реалност останував вџашена од некои за нив сосем секојдневни ритуали. По одредено време, сакајќи за себе да понесам што повеќе позитивно искуство од тој контекст, решив дека многу подобро би било да ја заменам раздразнетоста со повеќе истражување на шармантно-збунувачките животни стилови на Тајланѓанците.

Продолжи со читање

Концепт мама

Концепт мама средба

На 11 декември од 18 до 20 часот придружете ни се на разговор за книгата и дневник „Концепт мама” со кафе (може и чај 🙂 и парче торта и купете го својот „Концепт мама” комплет книги по промотивна цена од 900 денари. Локацијата на настанот е ул.Генерал Михајло Апостолски бр.2, Скопје.
Задолжително е претходно да го регистрирате своето присуство на konceptmama@gmail.com.

Децата се добредојдени на настанот.
••••••••••••••••••••••••••••••••••••••••••••••••••••••••••••

Концепт мама

КОНЦЕПТ МАМА РЕЧНИК: Предвреме родени новороденчиња

Овој текст го објавуваме за да го одбележиме денот на Предвремено родените новороденчиња. Ќе ни биде драго да споделите искуства, приказни и совети со нас. На сите предвремено родени новороденчиња им посакуваме сила и надеж, а на нивните родители потсетување дека не се сами и да продолжат да се борат.

Текстот е превземен од: https://www.thebump.com/a/preemie-mom-advice

Сликата е превземена од: https://www.instagram.com/itsadayreally/

Кога започнува времето да се грижите за своето новороденче, постојат многу работи кои не можете да ги предвидите. Дали бебето ќе се навикне на доењето? Дали ќе спие убаво навечер? Дали ќе плаче постојано? И ако бебето се роди предвреме, листата на непознати како да се дуплира. Околу 1 од 10 раѓања во Америка се предвремени – дефинирани како бебиња родени пред 37. недела. Додека грижењето за вашето предвремено родено бебенце на интензивна нега е сѐ само не едноставно, тука сте на вистинското место. Во овој пост споделуваме искуства од мајки кои морале да поминат низ истото:

1.Препуштете се целосно

„Колку што можете повеќе вклучете се во хранењето, промената на пелените, секојдневието на бебето. Дури и ако само спие, присуството до него е добро и за него и за родителот.”

Продолжи со читање

Концепт мама

КОНЦЕПТ МАМА РЕЧНИК: Латеродители

 

Терминот или феноменот latteparents е воведен во Нордиските градови и се користи да опише родители кои со количките и бебињата седат во кафулиња и пијат високо квалитетни кафиња – живеат и практикуваат модерен урбан стил (за попрецизно дефинирање на термините латетатко и латемајка, како и нивните разлики може да прочитате во Поглавјето 13. Латеродители: град за родители во книгата Концепт мама). Латетатковците го градат урбаниот пејсаж на Нордиските градови и зборуваат за голема општествена промена како и за капацитетот на еден град да ги смести родителите како активни учесници во секојдневието на градот. Латетатковците се директен резултат на Шведското породилно отсуство, едно од најпрогресивните во светот. Шведската власт одредува родителите од двата пола да имаат 480 дена (16 месеци) платено породилно отсуство и 80% од платата која ја земале претходно. Дополнително на тоа имаат бонуси за близнаци и е задолжително татковците да земат дел од породилното отсуство. Деновите можат да се искористат додека детето наполни 8 години. (Види повеќе на: https://www.weforum.org/agenda/2018/04/sweden-is-apparently-full-of-latte-dads-carrying-toddlers-and-its-a-sign-of-critical-social-change/).

Продолжи со читање

Концепт мама

Концепт мама речник: Колострум – најчудесната материја позната на човекот

Од бременоста до денес постои нов речник од зборови и расветлување на митови кои ми се случија токму заради станувањето мајка, родител. Од таа причина решивме на Концепт мама да почнеме да споделуваме зборови и нивниот поширок контекст, односно полека да изградиме заедно со вас Концепт мама речник. Оваа недела започнуваме со зборот Колострум или златниот стандард. Колострумот е првото млеко кое доаѓа кај мајката (може да дојде и неколку недели пред породувањето) и има жолта или портокалова боја.

Во продолжение извадок од книгата Концепт мама : 

„Колострумот или првото млеко е ‘Течно злато’ перфектно пакување на храна и лек. Тој е, најверојатно, една од најчудесните материи познати на човекот. Совршено е скроен да му го обезбеди на бебето точно она што му треба во првите денови од животот:

Продолжи со читање

Концепт мама

ФОТОКОЛАЖ БР.2 Внатре во дневникот Концепт мама

Sирнете внатре во „Дневник Концепт мама”. Бележник за бременоста, раѓањето и почетокот на мајчинството, придружник на книгата „Концепт мама”. Тој опфаќа сѐ што би ѝ било потребно на една современа мајка да документира: дел посветен на личноста на мајката, страници во кои можат да се запишат сопствените доживувања и искуства, исхрана и вежби за време на трите тромесечја на бременоста, списоци кои се неопходни за подготовка на доаѓањето на бебето, простор за фотографии, дневник за доење и првите вкусови, страници на кои можат да се запишат размислувањата, чувствата и случувањата со своето бебе. Во овој формат дневникот е конципиран како сведок на хронологијата и трансформациите во бременоста и раното мајчинство, новото раѓање на детето и новото раѓање на мајката. Заедно со книгата тој ќе ви биде најдобар пријател низ целата трансформација како родител. (купете го својот комплет Концепт мама на https://konceptmama.mk/?p=479).

 

Продолжи со читање

Концепт мама

Изградете доверба во себе како Концепт мама! Купете ги книгата и дневник Концепт мама

Изградете доверба во себе како Концепт мама!

Моменталната понуда на комплетот книги е 1200 денари со бесплатна испорака низ цела Македонија. За посебни промоции, попусти и специјални понуди следете ја нашата Фејсбук страница https://www.facebook.com/konceptmama/.

Чекор 1: 

Пополнете ја уплатницата за купување на комплетот книга и дневник Концепт мама. Видете го примерот подолу.

Ако се уплаќа во готово се користи Општа уплатница образец ПП 10:

Ако се уплатува преку трансакциска сметка се користи образец ПП 30:

Чекор 2: 

Испратете ни слика од уплатницата на konceptmama@gmail.com или во нашето сандаче на Фејсбук страницата https://www.facebook.com/konceptmama/.

 

Чекор 3:

Ние ќе ви го доставиме дневникот и книгата за 1-3 работни дена на Вашата домашна адреса.

 

Информации за книгите:

Концепт мама книга

Издавач: А. Шекутковска Докоска Јазик: Македонски Година: 2018
Оригинален наслов: Концепт мама : модерен прирачник за бременоста, раѓањето, почетокот на мајчинството и градењето доверба во себе и своето тело | Бр. на страни: 416 | Димензии: а5 | Корица: мека

„Концепт мама” е првата македонска сѐ-во-едно книга и дневник за бременоста, раѓањето и почетокот на мајчинството. Александра Шекутковска Докоска користи комбиниран жанр од дневник и прирачник, обединувајќи го личното искуство со стручни сознанија и практични совети. Низ своите размислувања и истражувања таа опфаќа сѐ што би ѝ било неопходно на една современа мајка да знае: трите тромесечја на бременоста, поглавје за вежбање јога и за дизајнирање на домот, подготвување за породувањето и раѓањето, насоки за снаоѓање во првите месеци по раѓањето преку сопственото созревање, масажа на бебето, следење на неговиот развиток и откривање на нашите идентитети како родители во градот. Изборот на теми е според најсовремените препораки и трендови и ја следи светската традиција идните родители да се информираат преку книги. „Концепт мама” е моќна алатка за самоподдршка, конструирање на целовит и балансиран пристап и градење самодоверба во себе како родител.

Дневник Концепт мама

Издавач: А. Шекутковска Докоска Јазик: Македонски Година: 2018
Оригинален наслов: Концепт мама : дневник | Бр. на страни: 177 | Димензии: а5 |Корица: мека

„Дневник Концепт мама” е бележник за бременоста, раѓањето и почетокот на мајчинството, придружник на книгата „Концепт мама”. Тој опфаќа сѐ што би ѝ било потребно на една современа мајка да документира: дел посветен на личноста на мајката, страници во кои можат да се запишат сопствените доживувања и искуства, исхрана и вежби за време на трите тромесечја на бременоста, списоци кои се неопходни за подготовка на доаѓањето на бебето, простор за фотографии, дневник за доење и првите вкусови, страници на кои можат да се запишат размислувањата, чувствата и случувањата со своето бебе.

 

Концепт мама

Рекоа за книгата „Концепт мама”

„Во периодов, кога на македонскиот пазар, во книжарниците, нема доволно книги на македонски јазик, „Концепт мама“ е вистинското четиво за една македонска трудница и идна мајка. Преку неа секоја жена тивко и лесно ќе навлезе во тајните на бременоста и мајчинството, и полека и сигурно ќе ги доживува месеците сè до главниот момент на породувањето. А потоа… потоа настануваат многу неочекувани ситуации – зошто плаче малото бебе, кога и колку да јаде, што да јаде? Одговор на сите овие и многу други, а слични прашања ќе најде секоја жена во ова прекрасно конципирано дело.”

д-р м-р Симонида Котларова Попоска

„Во однос на стручниот дел од книгата релевантен на мојата област, можам јасно да потврдам дека сите изнесени податоци, совети и факти се во согласност со современата медицинска теорија и пракса. Особено ме радува фактот што авторката се обидува да ги доближи најновите светски трендови во Македонија.

Како што веќе спомнав, можеби една од најголемите придобивки на оваа книга се основните информации за родителите:

– кога треба, а кога не треба да го доведат своето дете на лекар;

– што да прават во случај на незгода;

– како да даваат прва помош;

– како преку здрава исхрана да обезбедат здраво и спокојно растење на своите чеда.”

д-р Никола Филев