Разгледување на категоријата

Баланс мама

Баланс мама

ИНСПИРАТИВНИ МАЈКИ: Моја Инста Мама

Недела е одличен ден за читање на нови постови на Концепт мама. Денес ви ја претставуваме Мартина или Моја Инста Мама:

Која беше инспирацијата и целта да почнете со Инстаграм профилот? 

– Уште кога бев бремена со големата ќерка, почнав да следам многу инста мајки, кои ми станаа инспирација да започнам и јас. Меѓутоа, после тоа почнав на работа и се откажав поради обврски. Кога ја родив втората ќерка, решив дека морам да започнам со свој мама блог. Така настана @mojainstamama.

Инспирацијата ми се моите две ќеркички, интересните моменти, а целта ми е да се прикаже секојдневието на една мајка во денешното време. Бидејќи Инстаграмот не е повеќе платформа каде што има само убави слики,  но и платформа каде можат да се раскажуваат приказни.

Што се трудите да постигнете со постовите, видеата? Што би сакале да споделите со другите мајки?

– Кога станав мајка, како и секоја мајка, бев неискусна и многу прашања што ми се вртеа во главата морав да ги пребарувам на интернет. За доста работи, не знаев дали се нормални и дали така треба да бидат. Затоа, целта на блогот @mojainstamama  е да се сподели секојдневието на една модерна мајка, сите предизвици, убави и не толку убави моменти, справување со различни ситуации, совети, мотивација, инспирација, секојдневни проблеми, рецепти, здрави навики, а треба да почнам и вежбање 🙂 Кога сето тоа го споделувам со другите мајки, добивам огромен фидбек и сум многу среќна поради тоа. Сѐ што сакаат да прашаат и да советуваат слободно може да ме контактираат – тука сум да помогнам. Не сум експерт, меѓутоа зборувам од моето лично искуство.

Како го балансирате своето секојдневие како родител?

– Кога имав само едно дете, си викав „ леле, колку ми е напорно, ништо не можам да постигнам“. Може да замислите како е со две, хехехе…. Шегата на страна, мислам дека со две сум поорганизирана од порано, а и уживам во заедничките моменти заедно.

Каква поддршка им е потребна на луѓето кои се на прагот да станат родители? Како треба да се едуцираат родителите за време на родителството? 

– Да се стане родител е најтешката, но воедно и најубавата професија во животот. Да се стане родител значи да се откажеш од себе и да се посветиш на децата. Секако дека не треба да се запуштиш, меѓутоа да се ставиш на некое друго место на листата на желби и потреби. Иако некогашната изрека гласи : Родителството/мајчинството е вроден инстинкт кој се појавува кога ќе се роди детето, јас не се согласувам со тоа. Родителството се учи. Денес со интернетот имаме пристап до толку многу статии и кај нас почнаа да се одржуваат доста работилници на тема родителство. Секој кој се интересира може да прочита повеќе и да учествува.

Кои се Вашите омилени книги, музика и филмови за родителството?

– Искрено за филмови немам време воопшто, а и повеќе сакам да читам, иако и за тоа немам време. Книга која сум ја читала кога бев бремена со првото дете „ Што да  очекувате во првата година“. Денес кај нас се појавија доста профили за родителство, како и профили за развој на децата низ игри, што вреди да се следат и има доста да се научи од нив. Секој ден учам по нешто ново.

Како го доживеавте своето раѓање како мајка и како се снаоѓате со сите предизвици? Кои свои граници сакате да ги надминете во тоа и каков совет, приказна, искуство би споделиле со другите мајки? 

– Мислам дека ниедна мајка не е целосно подготвена да влезе во улогата на мајка. Како и секоја мајка и јас се плашев дали ќе бидам добра мајка, меѓутоа сите стравови исчезнаа за брзо.  Како растат децата, секој ден учам нешто ново и се соочувам со нови предизвици, со кои се справуввам спонатно, како знам и умеам. Доколку ми треба помош – барам, читам, се едуцирам. Граници немам, а доколку некој сака да ја следи мојата приказна во улога на родител, да добие/даде совет, нека ме следи на мојот Инстаграм и на мојот Фејсбук профил @mojainstamama.

Баланс мама

Инспиративни мајки: Moja Фитнес Мама

Во изминатиов период налетав на многу инспиративни Инстаграм блогови на мајки кои се обидуваат да развијат сопствени проекти паралелно со својата улога како родители. Од таа причина решив да направиме серија на интервјуа со нив на Концепт мама. Денес ви ја претставуваме Мери или Моја Фитнес Мама која неодамна го лансираше сајтот http://mojafitnessmama.com/. Таа наоѓа време да постира видеа и дискусии на различни теми, организира програма за вежбање и слабеење со своето бебе и зрачи со позитивна енергија. Ви препорачуваме да го следите нејзиниот Инстаграм профил и сајт зошто знаеме колку труд е вложува секоја мајка која одвојува време да го сподели своето искуство, знаења и инспирации за како другите мајки да ги надминат своите потешкотии. Само напред, Мери! Прочитајте повеќе во интервјуто со Концепт мама:

Која беше инспирацијата и целта да почнете со Инстаграм профилот? 

Инспирацијата за Моја Фитнес Мама беше да помогнам на мајки кои сакаат да симнат килограми и да сменат нешто во своето секојдневие. Додека за блог за мајки сакав уште кога бев бремена, па така Моја Фитнес Мама прерасна во блог за секоја тема, проблем што ја засега мајката, жената, девојката.

Што се трудите да постигнете со постовите, видеата? Што би сакале да споделите со другите мајки?

Преку мојот веб сајт www.mojafitnessmama.com сакам да им го пренесам сето мое искуство, прочитано, научено и стекнато во било кој сегмет од мојот живот и како девојка и како мајка. Преку постовите на Инстаграм исто споделувам искуство, но повеќе мотивирам. Низ сторијата на Инстаграм гледам да прикажам дел од моето секојдневие и да го расположам и насмеам гледачот, како и некој здрав рецепт, совет мислење од другите мајки и помош може да се најде.  Се на се сакам да пренесам дека не значи ако си мајка дека животот застанал, дека се наоѓа време и за себе, дека мирна и задоволна мајка значи мирно и задоволно бебе. Дека социјалните мрежи и интернетот и те како знае да е добра доколку го користиш правилно.

Продолжи со читање

Баланс мама Концепт мама

ИЗВАДОК ОД КНИГАТА „КОНЦЕПТ МАМА“ : БАНГКОК

Знаете, „Концепт мама” не е „обична книга за мајки” 😉 Таа ме однесе на патување, а јас се надевам дека ќе можам да ве земам со себе.

Пред скоро време имав прилика повторно да го посетам Бангкок. Уште еднаш ми се потврди дека од таму сѐ уште можам да црпам нова инспирација од градот, луѓето кои ги познавам. Во ова неделно попладне тоа ме инспирираше да споделам со вас еден извадок од „Концепт мама”.

Во Бангкок живеев вкрстувајќи ги моите три љубови: истражувањето на градот како феномен, предавањето на факултет и усовршувањето во урбаното проектирање. Мојата љубена професионална трилогија. Од друга страна, Бангкок како контекст бараше од мене да го испразнам умот од многу претходни сознанија и да бидам отворена за ново созревање. На почетокот, често бев изненадена и збунета од однесувањето на моите тајландски студенти и од различноста во животниот стил наспроти она на што бев навикната. Наутро ќе ме пречекаше мотоцикл-таксито, во далечина се слушаше ѕвончето од човекот што продаваше топка сладолед од ванила во земичка, лимонадата ќе ја добиев во кесичка со цевка и ќе вкусев лимон со сол (за надополнување на изгубените електролити од континуираното потење), во поштата ми стигнала виза-картичката со ликот на Хелоу Кити (да, сериозно!), забележував огромни панделки на стеблата, дрвја прогласени за свети, обвиткани со ткаенина во боите на виножитото. Во допир со тајландската реалност останував вџашена од некои за нив сосем секојдневни ритуали. По одредено време, сакајќи за себе да понесам што повеќе позитивно искуство од тој контекст, решив дека многу подобро би било да ја заменам раздразнетоста со повеќе истражување на шармантно-збунувачките животни стилови на Тајланѓанците.

Продолжи со читање

Баланс мама

ПОДАРУВАМЕ СО WELEDA: Шампон за коса и тело

Заедно со Weleda ви подаруваме шампон за коса и тело на бебе и три вредносни ваучери за 30% попуст на комплетот книги „Концепт мама”. Се` што треба да направите е да ја лајкнете страницата https://www.facebook.com/konceptmama/, да го споделите овој пост на вашиот фејсбук профил и да оставите коментар на овој пост зошто би сакале да го добиете овој подарок. Акцијата трае до 21.12, а добитниците ќе бидат одбрани преку random number generator. Со среќа!
Weleda е компанија која веќе 90 години, односно од 1921 година создава природни и органски производи. Органик не е само еден од новите трендови во кои запловила Weleda.
„Заштитната обвивка на бебешката кожа полека почнува да се развива по раѓањето. Затоа на бебешката кожа ѝ е потребно нега која ќе ја заштити. Исклучително нежните производи на Weleda за нега на бебиња и деца од лековити билки од строго контролирано органско производство. Сигурна заштита за здрав почеток на животот.“ Christina Hinderlich, бабица, професионално квалификувана медицинска сестра и мајка на три деца. Во компанијата Weleda работи во областа за давање стручни совети за нега на бебиња. Има 20 годишно искуство како бабица во пренатална и постнатална нега.

Продолжи со читање

Баланс мама

ДОМ СО НУЛА ОТПАД ВТОРА НЕДЕЛА

Поминаа неколку недели откако започнавме да го преформатираме домот според принципите на Нула отпад и морам да признаам дека не е секогаш лесно. На моменти ми се чини дека и покрај сѐ што се обидуваме да направиме, од секаде, невидливо како да се создава отпад :/. Дури и при првите моменти на расчистување и намалување на предметите, облека, ситници во домот може да се обесхрабриме. Ние практикуваме минимален начин на живеење, но и покрај тоа деновиве ми се чини како да имаме премногу од сѐ. Сепак за да се применат некои од принципите на Нула отпад треба време и консеквентност, така што остануваме на нашата мисија 🙂 За оваа недела решив да споделам со вас неколку практики кои се поврзани и со реупотреба, подарување на отпадот и свесно размислување при самото купување.

Продолжи со читање

Баланс мама

Дом со нула отпад прва недела

Како да ви опишам како се чувствував кога ја завршив „Дом со нула отпад” на Беа Џонсон… Ајде да почнеме од тоа како се чувствував некаде на средина на книгата. Се изнервирав. Прво ме фати паника од сето тоа ѓубре кое секојдневно го продуцираме, второ си реков ама чекај сакам уште ова, она, ова, она да си купам, трето си реков ок, ама некои од овие работи ние веќе ги применуваме…Ја оставив книгата, излегов надвор, бев да купам поклон за сестра ми. Чудно, но почнаа да ми одѕвонуваат работи во главата, ја земам чашката од кафето за носење ми зборува Беа Џонсон во главата како е многу поеколошки и поедноставно ако си купев една чаша во која повторно и повторно ќе може да се полни кафето, дека чашките од кафето за носење не се рециклираат. Си мислев: јас не користам пластика за една употреба, немам пластичен прибор и чинии. Отворам во фиоката во кујната и што да видам, гледам таков прибор (од каде?), ете ја Беа Џонсон повторно во мојата глава, си повторувам работи прочитани во книгата.

Кога ја завршив книгата патувајќи во воз накај сестра ми донесов одлука. Почнувам. Има дел од насоките во книгата кои веќе ги применуваме, но секогаш има простор за подобрување. Нема да дозволам да бидам заробена во она, а да ок па ние внимаваме по малку, нека внимаваат другите или да се чувствувам како да не можам да направам ништо или немам значење во морето на општеството или заедницата. Одлуката ми стана уште посилна кога пред мене се покажа огромен билборд со делфин на кој устата му е преполна со секаква пластика која луѓето на секојдневна база ја конзумираат без да размислуваат. Продолжи со читање

Баланс мама

Баланс тандем: Палачинки со боровинки и воведно видео во аштанга јога

Додека работиме на тоа здравата исхрана и спортувањето да ни станат интегративен дел на секојдневното живеење, а не предизвик, решивме во категоријата Баланс мама да споделуваме програми за вежбање и рецепти кои можете да ги применувате во вашето секојдневие. Од исклучителна важност е постојано, а особено во периодите на бременоста и потоа во родителството да внесуваме храна која дава енергија и да практикуваме вежби кои даваат енергија. Го знаете оној момент кога јадете ”нешто што не треба” и кога на вашето дете му давате да јаде нешто здраво, тоа сака нешто од вашата чинија, а вие велите не? И самите знаете дека не е еден од вашите славни моменти. Го чувствувате заморот, што од секојдневните обврски, од работа, од енергијата на децата која не можете секогаш да им ја возвратите? Колку помалку вежбате и применувате физичка активност, толку помалку енергија имате, а да не го спомнуваме чувството на вина кое секогаш лебди во меѓупросторот. Од таа причина, во случај кога треба да почнете со повеќе промени ви предлагаме да почнете со мали чекори. Секое вежбање, дури и она што трае 10 минути, а е консеквенто е значајно, секое воздржување од внесување храна која само ви го крева шеќерот, а потоа ве спушта е исто така значајно. Да направиме мали чекори заедно.

Продолжи со читање

Баланс мама

ПОДАРУВАМЕ СО WELEDA: Крем од невен за подрачјето на пелените

Заедно со Weleda ви подаруваме Крем од невен за подрачјето на пелените. Се` што треба да направите е да ја лајкнете страницата https://www.facebook.com/konceptmama/, да го споделите овој пост на вашиот фејсбук профил и да оставите коментар на овој пост зошто би сакале да го добиете овој подарок. Акцијата трае до 15.09, а добитникот ќе биде одбран преку random number generator на 16.09. Со среќа!

Овој невенов производ делотворно ја негува кожата на бебешкото газе кога е иритирано, црвено и со осип. Кога се создаваше формулата на овој крем највнимателно се одбираа билки кои ќе ја заштитат и смират бебешката кожа во пределот на пелените. Мешавина од невен, камилица, сусам, малсло од сладок бадем го овозможуваат својството на овој крем брзо и ефикасно да смири црвенило, иритација и воспаление на бебешкото газе. Дополнително ланолин и цинк оскид овозможуваат бариера и заштита на бебешката кожа од влажност.

Продолжи со читање

Баланс мама

Подаруваме со Weleda: Масло против стрии за трудници

Заедно со Weleda ви подаруваме Масло против стрии за трудници. Се` што треба да направите е да оставите коментар на овој пост зошто би сакале да го добиете овој подарок. Акцијата трае до 13.08, а добитникот ќе биде одбран преку random number generator на 14.08. Со среќа!

За време на бременоста, телото бара нежна и внимателна нега, за да можат идните мајки да уживаат во оваа блажена состојба. Идните мајки во најчувствителната состојба мораат да ја заштитат кожата од испукување и појава на стрии.

Штом почне да ѕирка стомакот од под облеката, кожата веќе почнала да се развлекува. Градите исто така се зголемуваат, колковите се шират – што дава сигнал дека е потребно да започне со нега со која ќе се превенира создавање на стрии.

Weleda маслото против стрии за трудници е сертифициран природен производ кој содржи чисти растителни масла кои се потполно безбедни и за мајката и за бебенцето, и може да се користи од првиот ден на бременоста. Се препорачува употреба два до три пати на ден, од почетокот на бременоста до крајот на периодот на доење, со кружни движења на стомакот, бутините, задникот и градите.

Масло од јојоба, масло од бадем, богати со витамин Е, пченични никулци  и екстракт од арника, помагаат да се подобри еластичноста на кожата и спречуваат настанување на стрии. Оваа чиста формула е во хармонија со телото за време на блажената состојба.

Баланс мама Експерти и совети Инспирација Концепт мама

Млечниот бакнеж

“Our bodies are so strong, so incredible, and beautiful even with flaws and scars and weaknesses.”

За време на Светската недела за поддршка на доењето, World Breastfeeding Week, од Концепт мама би сакале најнапред да им изразиме поддршка на сите мајки без разлика на нивните избори во однос на доењето. Процесот и патот на остварувањето на млечниот бакнеж, времетраењето на доењето и самиот став на мајката во однос на доењето можат да бидат под влијание на различни општествени и културни фактори, околности, причини и достапни информации. Од таа причина, на почетокот на овој пост би сакале да изразиме поддршка за сите мајки  и жени, и разбирање за повеќето фактори кои влијаат на нивните одлуки, а за кои честопати се површно осудувани. Сметаме дека, наспроти осудата, сите треба да влијаеме на нашите општества, семејства и пријатели да ја согледаат вредноста и поширокиот контекст на мајчинските одлуки. Притоа, една од клучните одлуки е токму доењето на своето дете. 

Продолжи со читање