Разгледување на категоријата

Баланс мама

Баланс мама Експерти и совети Концепт мама

ИЗВАДОК ОД КНИГАТА „КОНЦЕПТ МАМА“ : Мајката и бебето треба да бидат заедно, тоа е најдобро за мајката, за бебето и за доењето

Бебињата, исто така, го доживуваат породувањето како премин. Тие поминуваат низ исклучително голема транзиција помеѓу два сосем различни контексти. Веднаш по породувањето, се наоѓаат во средина во која ја нема удобната топлина на мајчиниот стомак, за прв пат земаат здив, не се веќе заштитени и треба да почнат да користат сосем нови функции на својот организам. И покрај оваа транзиција, лекарите и медицинскиот персонал честопати не ги пречекуваат внимателно и сензитивно, ги вадат и земаат грубо со рацете, ги потчукнуваат, рутински започнуваат со прегледите. Францускиот гинеколог Фредерик Лебоер е меѓу ретките лекари кои ги земаат предвид и чувствата на бебето. Во својата книга Раѓање без насилство тој ја раскажува приказната од перспективата на бебето, кое се раѓа и повикува на нежен пристап. Неговиот „Метод на Лебоер“ се состои од затемнување на собата во последната фаза од породувањето, тишина и предавање без одложување на бебето на мајката, негово поставување врз неа за да можат да го остварат чинот „кожа на кожа“ (вообичаено, во болниците по породувањето бебето се зема да се исчисти, му се прават прегледи, се затоплува, му се даваат лекови). Во едно интервју Лебоер го искажува својот став и за породувањето: „Сите бремени жени се исплашени, јас искрено верувам во тоа. Секоја жена треба да го признае својот страв и да погледне од што навистина се плаши. Само тогаш таа може да започне да се справува со него и да го прегрне физичкиот предизвик на породувањето“.

Продолжи со читање

Баланс мама Концепт мама

ИЗВАДОК ОД КНИГАТА „КОНЦЕПТ МАМА“ : Монтесори планирање на просторот

„Педагошкиот метод Монтесори, развиен од д-р Марија Монтесори, е образовен пристап што се темели на научни истражувања спроведени на деца во периодот од раѓањето до полнолетството. Методот на д-р Монтесори е временски тестиран со повеќе од 100 години успех во различни култури низ светот. Тој го третира детето како личност природно желна за знаења и способна да започне учење во средина што нуди поддршка и внимателно е подготвена за едуцирање. Тоа е пристап што го вреднува човековиот дух и целовитиот развиток на детето – физички, социјално, емоционално и когнитивно.“ Постои цело движење поврзано со темата педагогија Монтесори. Кога пребарувате повеќе информации во врска со овој педагошки пристап, може да најдете играчки „направи сам“, едукативни програми, работилници, насоки за како да ги применувате принципите во својот дом. Аплицирањето на методата Монтесори во домот значи воспоставување на „инфраструктура“ од можности за слободни движења и активности на бебето/детето во негов дофат. Всушност, сѐ што е на иста височина со бебето треба да биде достапно за него/неа, да содржи едукативни играчки и илустрации, за тоа да може да се движи и да открива насекаде каде што ќе го поведе желбата, без да мора вие на секој чекор да му велите: „Не!“

Продолжи со читање

Баланс мама Експерти и совети Концепт мама

ИЗВАДОК ОД КНИГАТА „КОНЦЕПТ МАМА“ : Зошто да се вежба јога во бременоста?

 

Најубавата карактеристика на јогата е тоа што може да ја практикуваме пред бременоста, за време на бременоста, по породувањето, носејќи го своето бебе, доејќи го своето бебе, покрај своето бебе и, подоцна, заедно со него – и сето тоа со позитивни влијанија врз нашето здравје и здравјето на нашето бебе. Таа во нас создава моќна подлога за сите трансформации низ кои треба да поминеме за време на бременоста и мајчинството. Не, не се работи за тоа дека треба да примениме којзнае колку комплицирани методи на своето тело за тоа да се снајде во овие – повторно ќе нагласам – природни процеси. Продолжи со читање

Баланс мама Експерти и совети Концепт мама

ИЗВАДОК ОД КНИГАТА „КОНЦЕПТ МАМА“ : Како да се ублажи состојбата на мачнини во првите месеци од бременоста?

Носете ја својата бременост како круна!

***

Како да се ублажи состојбата на мачнини во првите месеци од бременоста?

 

„Дали оваа состојба некогаш ќе заврши? Кога конечно ќе си дојдам на себе? Дали некогаш ќе уживам во својата бременост?“ Доколку овие прашања ви се добро познати, сигурно сте доживеале состојба на мачнини во бременоста. Кај 60-70 проценти од жените, во првите недели се појавуваат мачнини и повраќање, кои вообичаено прекинуваат на крајот на првото тромесечје, но поретко може да продолжат и до деветтиот месец. Понекогаш на таквата состојба може да влијае и генетската предиспозиција, но тоа не е правило. Патогенезата на мачнина и повраќање ја подразбираат различни метаболични и невромускулни фактори, иако нивната точна причина е непозната. „Пошироко е прифатено дека гестационото повраќање се должи на различни услови на метаболизмот и ендокриниот систем, а повеќето од нив се поврзани со плацентата“. Оваа состојба не значи дека ние сме слаби како организам во тој период. Напротив, треба да се потсетуваме дека таа означува подготовка и влегување во процесот на создавање на сферата за растење на нашето дете. Треба да се поддржуваме, верувајќи дека истата таа сфера носи обвивки од сите наши претходни искуства (исхрана, вежбање, пристап кон животот), како и можност да ги надополниме и зацврснеме истите и во самиот период на бременоста.

Продолжи со читање

Баланс мама

Родителство од мечти: интервју со Мери Костуранова

Во сликите од нивното секојдневие може да пронајдеме мечтателски ентериери, инспирација, семејна топлина. Мери и Ване Костуранови освен своите уметнички изразувања ги делат и раскажувањето на семејни приказни преку уметност, бои, сонување. Од сѐ срце и благодариме на Мери за овој искрен разговор во кој таа ни открива дел од нивната улога како родители, партнери и балансирање помеѓу семејниот и професионалниот живот.  https://www.instagram.com/merikosturanova/ Продолжи со читање

Баланс мама

Пилатес кралица мајка: интервју со Јасна Лековска

Фотографија: Ани и Дими 

Кога станува збор за обликување на телото и креативни комбинации на вежби, таа е кралица. Пример за посветеноста на градење бренд, истрајност во трансформациите на физичкото тело и балансирањето помеѓу љубовта кон работата и љубовта кон семејството. Јасна Лековска не ви остава оправдување да не дојдете во сала, но и да не се посветите на своето тело. Со својата долгогодишна работа и вложување, заедно со својот тим ја раскажуваат приказната за значењето на обликувањето на своето физичко тело наречена Тринити. Продолжи со читање