Разгледување на категоријата

Експерти и совети

Експерти и совети

When the going gets tough: ИНТЕРВЈУ СО Ивана Хаџиванова

Фотографија: Бојан Стоилковски

Со м-р Ивана Хаџиванова од „НЕОКОРТЕКС’’ Центар за Психотерапија, Психодијагностика, Тренинг и Едукација разговаравме за сите оние недоволно често поставувани прашања. Нејзините искрени и отворени одговори на некои од најсензитивните процеси во бременоста и породувањето се продолжеток на тоа кое го претставува таа – вашата десна рака when the going gets tough и како да се справите понатаму со тоа.

Како да изградиме личен став од надворешните приказни, информации и искуства за време на бременоста и раѓањето?

Добрата информираност е апсолутно корисна, особено кога станува збор за посебната психо-физичка состојба – бременоста. Taa си носи свои специфики, кои жената секако треба да ги знае. Но, како и за секоја работа, треба да бидеме критични во однос на надворешни приказни, искуства и слично. Секоја личност е уникатна единка со своја позадина и индивидуалност, што значи дека дел од тие приказни и искуства за голем дел од жените нема да важат, а некогаш знаат и да предизвикаат страв, односно да го зголемат веќе постоечкиот. Значи, препорачувам селективност и внимателна обработка на информациите, читање на кредибилни интернет извори и секако прв извор на информација и консултација да биде професионалец во областа -доктор и други стручни лица, кои одблиску ќе го следат случајот и бременоста. Секој е случај за себе, сите имаме уникатна структура на личност и свои физички особености и здравје. Често се случува едно искуство повеќе личности да го доживеат и да се справат со него на сосема различен начин. Секој со своите капацитети, предиспозиции и избори. Мојот совет во однос на ова е: да се задржат здравите его граници и да не се „лепи на срце“ сѐ што ќе се слушне, да се задржи позитивната мисла и грижата за себе.

Продолжи со читање

Баланс мама Експерти и совети Инспирација Концепт мама

Млечниот бакнеж

“Our bodies are so strong, so incredible, and beautiful even with flaws and scars and weaknesses.”

За време на Светската недела за поддршка на доењето, World Breastfeeding Week, од Концепт мама би сакале најнапред да им изразиме поддршка на сите мајки без разлика на нивните избори во однос на доењето. Процесот и патот на остварувањето на млечниот бакнеж, времетраењето на доењето и самиот став на мајката во однос на доењето можат да бидат под влијание на различни општествени и културни фактори, околности, причини и достапни информации. Од таа причина, на почетокот на овој пост би сакале да изразиме поддршка за сите мајки  и жени, и разбирање за повеќето фактори кои влијаат на нивните одлуки, а за кои честопати се површно осудувани. Сметаме дека, наспроти осудата, сите треба да влијаеме на нашите општества, семејства и пријатели да ја согледаат вредноста и поширокиот контекст на мајчинските одлуки. Притоа, една од клучните одлуки е токму доењето на своето дете. 

Продолжи со читање

Баланс мама Експерти и совети Концепт мама

ИЗВАДОК ОД КНИГАТА „КОНЦЕПТ МАМА“ : Мајката и бебето треба да бидат заедно, тоа е најдобро за мајката, за бебето и за доењето

Бебињата, исто така, го доживуваат породувањето како премин. Тие поминуваат низ исклучително голема транзиција помеѓу два сосем различни контексти. Веднаш по породувањето, се наоѓаат во средина во која ја нема удобната топлина на мајчиниот стомак, за прв пат земаат здив, не се веќе заштитени и треба да почнат да користат сосем нови функции на својот организам. И покрај оваа транзиција, лекарите и медицинскиот персонал честопати не ги пречекуваат внимателно и сензитивно, ги вадат и земаат грубо со рацете, ги потчукнуваат, рутински започнуваат со прегледите. Францускиот гинеколог Фредерик Лебоер е меѓу ретките лекари кои ги земаат предвид и чувствата на бебето. Во својата книга Раѓање без насилство тој ја раскажува приказната од перспективата на бебето, кое се раѓа и повикува на нежен пристап. Неговиот „Метод на Лебоер“ се состои од затемнување на собата во последната фаза од породувањето, тишина и предавање без одложување на бебето на мајката, негово поставување врз неа за да можат да го остварат чинот „кожа на кожа“ (вообичаено, во болниците по породувањето бебето се зема да се исчисти, му се прават прегледи, се затоплува, му се даваат лекови). Во едно интервју Лебоер го искажува својот став и за породувањето: „Сите бремени жени се исплашени, јас искрено верувам во тоа. Секоја жена треба да го признае својот страв и да погледне од што навистина се плаши. Само тогаш таа може да започне да се справува со него и да го прегрне физичкиот предизвик на породувањето“.

Продолжи со читање

Експерти и совети Концепт мама Некатегоризирано

ИЗВАДОК ОД КНИГАТА „КОНЦЕПТ МАМА“ : Како да препознаеме кога е вистинското време да одиме во болница?

Кога ќе започнат контракциите, пробајте да не ја исцрпите нагло целата енергија со страв, стрес и паника бидејќи таа ќе ви биде потребна низ целото времетраење на проодувањето. Движете се, пешачете, испечете колачиња, препорачливо е да не легнувате во кревет или да седите, бидејќи ќе ви биде потешко. Пијте многу течности: вода, природни сокови, смуди, лимонада, јадете вистински калорична храна, домашно направени мусли-барови, интегрални зрна комбинирани со овошје или слично (храна која лесно може да се дигестира). Јавете се во болницата да најавите дека имате одредени знаци доколку сте несигурни, но не брзајте. Контракциите, особено кај жените што се породуваат прв пат, може да траат многу долго, а доколку отидете во болница ги зголемувате шансите од различни медицински интервенции. Многу од жените практикуваат да останат дома и поради тоа што се чувствуваат поудобно да се справат со болките во познат, домашен контекст. Стандардното правило за контракциите е 5-1-1, што значи дека треба да појдете во болница кога контракциите се раздалечени 5 минути, траат 1 минута и сето тоа се случува во времетраење од еден час (некои болници имаат и правило 4-1-1 и 3-1-1). Доколку почувствувате некој од следните симптоми: крвавење, мачнини и повраќање во подолг период, неможност да почувствувате движење на бебето подолг период (претходно пробајте да се напиете студен пијалак или размрдајте се за да предизвикате движење), имате неподнослива болка, чувствувате потреба да туркате или имате чувство дека бебето ќе излезе, имате заматен поглед или вртоглавица – задолжително е да тргнете кон болницата.

Продолжи со читање

Баланс мама Експерти и совети Концепт мама

ИЗВАДОК ОД КНИГАТА „КОНЦЕПТ МАМА“ : Зошто да се вежба јога во бременоста?

 

Најубавата карактеристика на јогата е тоа што може да ја практикуваме пред бременоста, за време на бременоста, по породувањето, носејќи го своето бебе, доејќи го своето бебе, покрај своето бебе и, подоцна, заедно со него – и сето тоа со позитивни влијанија врз нашето здравје и здравјето на нашето бебе. Таа во нас создава моќна подлога за сите трансформации низ кои треба да поминеме за време на бременоста и мајчинството. Не, не се работи за тоа дека треба да примениме којзнае колку комплицирани методи на своето тело за тоа да се снајде во овие – повторно ќе нагласам – природни процеси. Продолжи со читање

Баланс мама Експерти и совети Концепт мама

ИЗВАДОК ОД КНИГАТА „КОНЦЕПТ МАМА“ : Како да се ублажи состојбата на мачнини во првите месеци од бременоста?

Носете ја својата бременост како круна!

***

Како да се ублажи состојбата на мачнини во првите месеци од бременоста?

 

„Дали оваа состојба некогаш ќе заврши? Кога конечно ќе си дојдам на себе? Дали некогаш ќе уживам во својата бременост?“ Доколку овие прашања ви се добро познати, сигурно сте доживеале состојба на мачнини во бременоста. Кај 60-70 проценти од жените, во првите недели се појавуваат мачнини и повраќање, кои вообичаено прекинуваат на крајот на првото тромесечје, но поретко може да продолжат и до деветтиот месец. Понекогаш на таквата состојба може да влијае и генетската предиспозиција, но тоа не е правило. Патогенезата на мачнина и повраќање ја подразбираат различни метаболични и невромускулни фактори, иако нивната точна причина е непозната. „Пошироко е прифатено дека гестационото повраќање се должи на различни услови на метаболизмот и ендокриниот систем, а повеќето од нив се поврзани со плацентата“. Оваа состојба не значи дека ние сме слаби како организам во тој период. Напротив, треба да се потсетуваме дека таа означува подготовка и влегување во процесот на создавање на сферата за растење на нашето дете. Треба да се поддржуваме, верувајќи дека истата таа сфера носи обвивки од сите наши претходни искуства (исхрана, вежбање, пристап кон животот), како и можност да ги надополниме и зацврснеме истите и во самиот период на бременоста.

Продолжи со читање

Експерти и совети

Здрава храна за Велигден

Фотографиите се превземени од : https://www.instagram.com/magnesium_blue/
*  Текстот е преземен од платформата http://www.cherish.us/explore/2016/3/26/healthy-hippity-hoppity-easter-ideas?rq=easter. Во преводот е изоставена содржината која се однесува на рекламирањето конкретни комерцијални производи и последниот параграф кој се однесува на „лов на јајца“.

Велигден е особено чудесен празник. Сигурна сум дека сите можеме да се сетиме на воодушевеноста што ја чувствувавме како деца: будејќи се, во утринските часови откриваме велигденска кошница полна со бојадисани јајца, возбудата при лов на велигденското јајце или радоста поради собирањето на семејството и заедницата. Празниците се убава можност да ја доживеете таа енергија со своите деца и да се потсетите какво значење овие традиции имаат за Вас!

Продолжи со читање

Експерти и совети

10 против температура

„Во светот постои луда паника дека високата температура е проблем за малите деца. Напротив, температурата помага да се создаде имунитетниот систем”, ни вели лекарот на прегледот минатата сабота. За нас, како родители кои истовремено се и кул и супер сензитивни, не е лесно да се разбере пошироката смисла на мислите на лекарот, особено кога целиот преглед започнал со зборовите: првиот грип. Болницата е преполна со родители и деца кои доаѓаат на секои 5 минути, минималното чекање за преглед е еден час. На шалтерот ги прашуваат за симптомите и сите го раскажуваат истото: почнало пред ден-два, вчера вечерта температурата се искачила до 40, малку кашла, тече носот. Сите клупи се преполни со семејства. Седнуваме со сопругот, стуткани во катчето со играчки, заедно со нашата ќерка која се свиткала како во гнездо во нашите прегратки. Образите ѝ се црвени, а очите преполни со сјај.

Продолжи со читање

Експерти и совети

Дула – дел кој недостасува: интервју со Маја Трајковска

Првата дула од Македонија, Маја Трајковска, е личност која во себе содржи колаж од хумани, љубовни, природни и креативни состојки. Во допир со нејзиното присуство може да почувствувате многу за нејзините длабоки знаења за одржувањето на балансот во себе и контекстот околу себе. „Дула е водич, сертифицирана асистентка која овозможува индивидуално подготвување за вашето уникатно искуство низ породувањето. Таа е поткрепа на семејството за време на целиот процес на породувањето и раѓањето, нудејќи докажани техники за олеснување и поддршка, за постигнување на побезбедно и позадоволително искуство. Таа е тука за новото семејство по раѓањето, кога најмногу ви е потребна помош, во форма на грижа и услуги во вашиот дом.” Маја Трајковска е дула која е вашата потенцијална „врска која недостасува”, пријателска можност за поддршка во слушањето на второто „јас”, надминувањето на себеси во породувањето и раѓањето на мајка која верува во себе.

Продолжи со читање

Експерти и совети

Индивидуализирана поддршка – градење на концептот на „доволно добри родители”: интервју со Д-р Денис Ал Кхалили

Д-р Денис Ал Кхалили е специјалист во областа на педијатријата и неонатологијата, искусен во реанимација на новороденчиња, грижа за навремено и предвремено родени бебиња, консултант за доење, експерт за исхрана и развој на бебињата и децата. Основачот и претседател на невладината организација „Лулка“ веќе со години е вистинска помош и поддршка во развитокот на образованието за здравјето на бремените жени и родителите. Тој е доктор во права смисла на зборот, истовремено и преку својата пракса и преку своето социјално-општествено влијание, несебично ги споделува своите знаења и влијае на разбивањето и надминувањето на стереотипите и митовите околу бременоста, породувањето и постпородилниот период.

Продолжи со читање