Концепт тато

Секси слинг тато

https://babycarriersaustralia.net.au/

На нашиот сајт „Концепт мама” ја разгледуваме новата дефиниција на секси маж – таткото кој го носи своето бебе во слинг. Блиску сум, нели?

Постои нешто посебно во воздухот кога мажите ги носат во прегратка своите тукушто родени бебиња. Во таа слика како да можеме да прочитаме и воздивнеме на најмалку 3 аспекти: прво, дека мажот настапува со самодоверба во својата татковска улога; второ, дека е подготвен да биде тука за своето бебе/дете, целосно да му ја даде својата љубов и трето – и можеби најважното – дека е десна рака на својот партнер.

Дали има нешто посекси од тоа?

„Драги татковци, татковци, татковци, има премногу информации и знаења за новите мајки кои можат да се најдат насекаде на интернет. Затоа сакавме да застанеме и да ви кажеме: ‘Еј, ве гледаме. Изгледате малку изгубено и збунето. Ве гледаме.’ Знаеме дека нема премногу фејсбук постови и групи за татковци на кои може да им се приклучите за да ви помогнат да минете низ овој збунувачки период. Знаеме. Ние сме тука за вас. Не грижете се, ја имате нашата целосна поддршка. Гледајте, заклучокот од сето ова е едноставен: родителството е тешка задача, а татковците низ целата историја на човештвото се прашувале: И што треба да правам сега?” (преземено од: https://babycarriersaustralia.net.au/increase-dad-cred-baby-wearing/)

Еден од ритуалите кој може да ви помогне да ја зголемите својата самодоверба како татко е прегратката со своето бебе преку носењето во слинг марама, ергономска носилка или кенгур торбичка. Бебето гушнато на вашето тело има чувство дека е згрижено, заштитено, сакано. На тој начин вие заедно и природно поминувате низ периодот на трансформации и запознавање. При тоа, постојат многу различни придобивки за секој од членовите на семејството:

Придобивки за бебето:

  • Синхронизирирање на срцевото отчукување и дишење;
  • Помалку плачење, смирување поради остварувањето близок контакт и чувство на љубов. Во првите неколку месеци, исклучително важно е да изградите однос со своето бебе преку многу прегратки и допир;
  • Намалување на стрес и зголемување на квалитетот на сонот;
  • Стимулација на развитокот на мозокот;
  • Зајакнување на имунитетниот систем;
  • Стимулација на дигестивниот систем, ослободување од грчеви и проблеми со варењето, зголемување на тежината.

Придобивки за мајката:

  • Физички, емоционален и психички одмор;
  • Зајакнување на врската со партнерот, градење доверба во период на интензивни трансформации и чувство на поддршка од семејството како единка.
  • Впрочем, од секаков вид 🙂

Придобивки за таткото:

  • Едноставно е кул и дамите го сакаат тоа;
  • Поврзување со своето бебе и градење доверба во својата сигурност како татко. Поддршка за целото семејство;
  • Добро за одржување на својата физичка форма;  
  • Можност за завршување повеќе различни активности (пазарење, пиење кафе, готвење, читање книга, чување на постарото дете…).

За сите идни секси слинг татковци, нашите омилени носилки за бебиња, заедно со одлични инструкции како да започнете, можете да ги најдете на Бебеслинг (http://www.bebesling.mk/):

(Повеќе информации за сите продукти и на https://www.facebook.com/bebesling)

Вистинските мажи ги носат своите бебиња!

You Might Also Like

Нема коментари

    Коментирај