Сите тие расположенија, спомени, чувства, љубов, трансформации, внатрешни монолози и поминати миниживоти. Концепт мама сака да ги слушне Вашите скриени, интимни постови, гласови. Со проектот „Концепција” Ве повикуваме со нас да ги споделите Вашите приказни за мајчинството. Најискрените, најавтентични и најкреативни 3 приказни ќе добијат подарок од нас, додека останатите ќе се најдат заедно во дигиталното издание „Концепција” на Концепт мама (наградите и изданието ќе бидат организирани во текот на месец јуни 2018).
Што треба да направите?
1. Најдете малку простор, време и енергија да ја запишете својата приказна. Текстот не треба да биде подолг од 300 зборови. Изберете фотографија или илустрација која ќе го придружува текстот .
2. Кликнете на линкот до формуларот >>> https://goo.gl/forms/GoDDrlmFmIIKbXOD3 и пополнете ги своите информации до 31ви Мај. Изберете ја опцијата дали сакате вашиот идентитет да остане тајност или би сакале да ги објавиме Вашето име и презиме.
3. Следете ја нашата страница и активности за новости.
Кога зборуваме за поимот Концепција – приказни за мајчинството размислуваме и дискутираме за широки можности на сфаќањето што е тоа. Одговорете ни неконвенционално и наспроти стереотипите.
Ваша,
Концепт мама
* споделете информации за конкурсот со #концепција
Нема коментари