Концепција – конкурс за приказна

Концепција
Приказни за мајчинството

Сите тие расположенија, спомени, чувства, љубов, трансформации, внатрешни монолози и поминати миниживоти. Концепт мама сака да ги слушне Вашите скриени, интимни постови, невидливи гласови. Со проектот „Концепција” Ве повикуваме со нас да ги споделите Вашите приказни за мајчинството. Најискрените и најавтентични 3 приказни ќе добијат подарок од нас, додека останатите ќе се најдат заедно во дигиталното издание „Концепција” на Концепт мама (наградите и изданието ќе бидат организирани во текот на месец јуни 2018).

Што треба да направите?
1. Најдете малку простор, време и енергија да ја запишете својата приказна. Потсетете се на тајните текстови во своите дневници. Текстот не треба да биде подолг од 300 зборови. Изберете фотографија или илустрација која ќе го придружува текстот .
2. Кликнете на линкот до формуларот >>> https://goo.gl/forms/GoDDrlmFmIIKbXOD3 и пополнете ги своите информации до 31ви Мај. Изберете ја опцијата дали сакате вашиот идентитет да остане тајност или би сакале да ги објавиме Вашето име и презиме.
3. Следете ја нашата страница и активности за новости.
Кога зборуваме за поимот Концепција-приказни за мајчинството размислуваме и дискутираме за широки можности на сфаќањето што е тоа. Одговорете ни неконвенционално и наспроти стереотипите.
Ваша,
Концепт Мама