Концепција

Приказни за мајчинството: царски рез

Родив прекрасна здрава девојка на 26ти септември 2017 во 5 часот и 23 минути. И го дадовме името Макоа што значи бестрашен воин.

На денот на закажаниот царски рез се чувствував смирено. Денот претходно ми кажаа дека ќе мора да се породам со царски рез заради компликации. Ме обзеде чувство на тага. Ментално и физички се подготвував 9 месеци да се породам вагинално и наеднаш таа варијанта исчезна. Знаев дека вагиналното породување ќе биде болно, но на некој чуден начин сакав да го доживеам тоа искуство..да поминам низ него..да го почувствувам. Се чувствував смирено следниот ден како што размислував за средбата со моето бебе.

Почнав да станувам анксиозна како што ме носеа во операционата сала и ми дадоа спинална анестезија. Искрено немаше да поминам низ ова без мојот партнер. Тој ме смируваше и ме фокусираше за време на операцијата. Можев да го почувствувам секое шиење, движење, притисок од вадењето на бебето и на крајот слушањето на нејзиниот плач. Веднаш ја ставија до мене за да можам да ја допрам и бакнам. Таа беше совршена. Ја исчистија додека мене ме шиеја и ја родија плацентата. Кога заврши тоа, ја вратија кај мене и таа веднаш започна да цица.

Некои луѓе ги осудуваат другите заради имањето царски рез или велат дека другите жени се помалку жени заради тоа, но доколку некој имал прилика да помине низ царски рез знаат дека искуството е интензивно, тешко, екстремно болно и еднакво убаво. Некои луѓе велат дека мајката и детето не се поврзуваат на истиот начин, но јас не верувам во тоа. Ние го носиме детето 9 месеци во нас и од моментот кога тоа ќе влезе во овој свет ние сме поврзани повеќе од само физичкото. Без разлика на начинот на кој мајката ќе се породи, таа врска не може да биде прекината и никој друг не треба да ве убеди во спротивното – никогаш не се чувствувајте засрамено зошто сте имале царски рез. Вие сте прославени заради носењето нов живот на овој свет.

автор Џена Виба https://konceptmama.mk/?p=34

Својата приказна за мајчинството пратете ни ја на следниов линк:

https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSdl8lZhr9-RozXX3hzPjBRch1VRXiRKb0OZHH17qI_RTYeKvA/viewform

Концепција – конкурс за приказна

 

You Might Also Like

Нема коментари

    Коментирај