Инспирација

Приказни за мајчинството : Грижење со корист

Хана, мајка која го очекуваше своето второ дете, сакаше да има едноставно, природно породување по искуството на породување со сите медицински нишани. Нејзината грижа дека раѓањето ќе биде уште едно болно разочарување висеше како облак над нејзината бременост. Во осмиот месец на бременоста делуваше стегнато и амбивалентно.

Чекаше од мене да и кажам дека сѐ ќе биде добро.

Иако нејзините проблеми не изгледаа големи, не попуштив да го искористам клише-одговорот „немој да се грижиш”. Празното убедување можеби ќе ја поддржеше во тоа таа да ја заобиколи тешката и болна работа што сеуште требаше да ја исполни.

Хана сакаше да верува дека позитивното размислување ќе направи породувањето да успее, но интуитивно двете знаевме дека нејзе и треба нешто повеќе од тоа. Ја охрабрив да се соочи со она од што се плашеше. Додека се обидуваше да ги контролира своите стравови, Хана всушност не се имаше грижено доволно!

Првата задача која и ја дадов беше да ги запише сите нејзини тајни грижи. „Некои од нив се можеби тривијални, но погледни поблиску на оние кои се обидуваш да ги намалиш или игнорираш”- и предложив, „посебно обрни внимание на физичката тензија во твоето тело”. На следниот состанок Хана ја донесе нејзината листа со грижи и ние ја поминавме заедно преку следните прашања:

Што би направила ако твојата грижа-страв се исполни?

Што мислиш дека ќе направи твојот партнер, твојот лекар?

Што би значело тоа за тебе како мајка?

Како си се справувала претходно со кризни ситуации?

За што можеш да се подготвиш, а на што можеш превентивно да делуваш? Што те спречува да го направиш тоа?

Ако не постои начин превентивно да делуваш, како би се снашла во ситуацијата?

Некои луѓе веруваат дека истражувањето на нивните стравови и грижи ги материјализира и ги прави да се случат. Всушност грижењето со корист и помогна на Хана да премине од смрзнати, страшни слики во кои не може да се снајде кон флудини слики во кои имаше многубројни начини и одговори за справување со ситуацијата.

Неколку недели потоа, Хана се породи едноставно и нормално во болница со нејзината ќерка Лаура.

Автор Пам Енгланд

Својата приказна за мајчинството пратете ни ја на следниов линк:

https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSdl8lZhr9-RozXX3hzPjBRch1VRXiRKb0OZHH17qI_RTYeKvA/viewform

Концепција – конкурс за приказна

You Might Also Like

Нема коментари

    Коментирај