Инспирација

Чувствителен дизајн на човековата анатомија: интервју со Џена Виба

„Започнувајќи од многу рана возраст, постои недостиг од поврзување со себе и разбирање на сопственото телo.” Моќниот дијалог на кратките текстови и креативните илустрации на Џена Виба ги заслужуваат сите 33800 следбеници на инстаграм. И повеќе од тоа. Тие нè потсетуваат на природата на сопственото тело, чија убавина во еден момент можеби сме почнале да ја занемаруваме. Со прочистена естетика, нејзините анатомски илустрации нè повикуваат да се вратиме кон свесноста за сопственото психо-физичко тело. Во нив се скицирани длабоко интимни искуства и впечатоци кои не ни оставаат друг избор, освен да се заљубиме. Позадината на концептуалните цртежи е читанка за мултидициплинарноста на Џена во дизајн, брендирање, мода, убавина, маркетинг, графички дизајн, но и сензитивната проникливост во човековото тело, неговите промени и трансформации и, воопшто, неговиот живот.

Која приказна од својот живот би сакала да ја споделиш со нас?

Џена: Бев на дводневнa експедиција низ џунглата во Букит Лаванг на островот Суматра, Индонезија. Бев преморена, но искуството беше вредно за секое каснување, гребнување, модринка и за воспалените мускули. Спиење среде џунгла е искуство кое никогаш нема да го заборавам, но она што го направи навистина посебно всушност беше нападот од див органгутан од Суматра. Беше женка. Ја набљудувавме со нејзиното бебе отстрана додека тие се качуваа по дрвјата и си играа. Сите од групата стоевме на многу стрмен насип. Наеднаш, дрвото на кое беше таа почна да се свиткува накај мене и нашиот водич викаше дека сите треба да се тргнеме од стрмниот бедем. Се свртив за да се искачам, но пред мене имаше само огромно дрво и немав каде да одам. Одеднаш ги почувствував забите на мајката орангутан на моето лево рамо. Лежев најмирно што можев и се обидував да останам смирена, молејќи се да не ме повреди. Можев да ја почувствувам како ми го допира грбот, или само си мислев дека тоа е допир. Конечно, водичот успеа да дојде доволно блиску до мене. Откако ме нападна, таа ме имаше бакнато на грбот. Водичот рече дека ова е нивниот начин да покажат дека им се допаѓаш. Беше застрашувачко и необично искуство да се биде во присуството на такво огромно суштество, но всушност да се биде бакнат од него.

Кога завршив со читањето на твојата биографија можев подобро да ја раберам деликатната убавина и сензитивност во твоите дела. Ме остави без зборови. Кога почна да правиш толку софистицирани илустрации на анатомијата на човековото тело?

Џена: Моите анатомски илустрации почнав да ги правам во мај 2017 година како дел од содржината за Duvet Days. Се инспирирав да ги создавам по разговорите со многу личности кои преживеале сексуално насилство, од проблемите со кои се соочуваше секој од нив, а поврзани со нивните тела и нивната интимност. Сакав да создадам информативни илустрации кои би им помогнале на набљудувачите не само да научат, туку и да се инспирираат, да ја прегрнат и да ја засакаат сопствената анатомија, повторно или за првпат. Нашите тела се неверојатни и сакав да направам илустрации кои ќе го вреднуваат тоа.

Како изгледа твојот вообичаен ден?

Џена: Пред 17 недели го родив своето прво дете, така што сега денот ми изгледа сосем поинаку од претходно. Се будам околу 5:30 и ја земам мојата ќерка Макоа во кревет со мене. Со мојот партнер и со нашата ќерка практикуваме утринско прегрнување до 6:30. Потоа станувам и го пијам своето утринско кафе додека го дојам моето малечко. За време на нејзиното утринско спиење, околу 8:30 се обидувам да ја прочитам и да одговорам на мојата електронска пошта и колку што можам да поработам. Кога таа се буди, одиме на 25 минутна утринска прошетка. Потоа си лежиме прегнати на лежалката во дворот. Моето секојдневие е целосно со Макоа. Во текот на денот кога таа спие, јас се обидувам да завршам дел од работните обврски, да готвам, да завршам некои од обврските низ куќата. Таа си легнува околу 6:00-6:30. Следствено на тоа, навечер е времето кога можам да се посветам на себе.

Каде ја наоѓаш инспирацијата за своите илустрации?

Џена: Искрено? Јас сум инспирирана од природата. Живеам во Коста Рика, каде има толку многу инспирација околу мене. Имам среќа да живеам на место каде има мајмуни, воодушевувачки шарени птици, лисје, прекрасни тропски цвеќиња и, секако, океанот. Поради таа причина, има толку многу инспирација насекаде околу нас.

Кои се твоите омилени ритуали (во врска со животот, семејството, уметноста, пријателите)?

Џена: Животот: На крајот од секој ден правам ретроспектива на сè што се случило и се ослободувам од сè што е негативно. Ова помага да спиете подобро и да ги започнете утрата позитивно.

Семејство: Јас и мојот партнер се гушкаме во кревет заедно со мојата ќерка во првиот поминат час од денот.

Уметност: Правам многу визуализации за моите илустрации пред да започнам да работам на нив. Сакам да ги визуелизирам и да замислам нивните значења за мене, бидејќи многу мои лични чувства се врежуваат во нив.

Пријатели: Се преселив пред неколку години и сега тешко е да ги задржам моите ритуали бидејќи тие се многу далеку. Готвењето заедно е еден од ритуалите кој го правам со моите пријатели без разлика дали ги посетувам или тие се на посета кај мене.

Колку е важно денеска да се споделат приказни како твојата? Дали мислиш дека тие можат да бидат слушнати? Каков совет можеш да им дадеш на другите за зборувањето јавно за својата интима?
Џена: Мислам дека е од особено значење да се споделат приказните бидејќи тоа ни дава глас. Тоа ни помага да ги инспирираме и другите да имаат глас, особено оние кои се плашат или немаат доволно сила да го направат тоа. Тоа им дава на луѓето надеж кога се во темен простор, надеж потребна за да излезат и да погледнат низ мракот. Нашите приказни и ранливост им помагаат на другите да не се чувствуваат толку осамени. Со денешните социјални мрежи можеме да допреме едни до други и да започнеме разговори кои не ни биле возможни во минатото. Според тоа, да, верувам дека луѓето можат да бидат слушнати. Секогаш им кажувам на жртвите на насилство дека темпирањето на вистинското време е сè. Само тие знаат кога е вистинскиот момент да зборуваат, за некои можеби никогаш да не дојде тој момент и тоа е, исто така, ок. Ми беа потребни 10 години пред да бидам подготвена да зборувам и чувствував дека тоа е нешто што сакам да го направам за себе. Нема правилен начин како да се зборува за тоа. Она што можете да го направите е да ја кажете вистината и да бидете автентични.

Како ги поминуваш своите Duvet days (јорган-денови за релаксација)?

Морам да бидам искрена и да кажам дека откако имам бебе многу ми е потешко да имам свои Duvet days, меѓутоа се обидувам да вметнам мали нешта кои се само за мене. Тие се едноставни како долго утринско туширање додека мојот партнер се грижи за мојата ќерка, моето утринско кафе и прошетка и времето кое ми останува да работам на моите илустрации.

Што научи откако стана мајка? Што те научи мајчинството?

Станувањето мајка те променува засекогаш. Мајчинството те учи навистина да сакаш безусловно и да се грижиш за некого со твоето целосно битие. Сфаќаш што е навистина важно во животот и не ја трошиш својата енергија на негативност и страв. Тоа значи и да се препуштиш целосно без да можеш да го контролираш исходот. На крај, те учи да ги цениш сите најмали моменти во животот и колку се тие навистина скапоцени.

*English version

“There is a lack of connection and understanding to our bodies starting at a very young age.” The powerful dialogue between the short posts and creative illustrations of Jenna Wiebe deserve every single one of her 33800 followers on Instagram. And much more than that. They remind us of the nature of our own bodies, whose beauty may have been forgotten along the way. Her anatomical illustrations hold distilled aesthetics, inviting us to reclaim the awareness of our psychophysical body. They contain sketches of deeply intimate impressions and experiences, leaving us with no other choice but to deeply fall in love. The background of these conceptual drawings is a depiction of Jenna’s knowledge in design, branding, fashion, beauty, marketing, graphic design, as well as her sensible introspection into the human body, its cycles, transformations – its life span.

If you could share one short story from your life which one would that be?

Jenna: I did a two day jungle trek in Bukit Lawang on the island of Sumatra, Indonesia. I was exhausted, but it was worth every bite, scratch, bruise, and sore muscle. Sleeping in the middle of the jungle is an experience I will never forget, but what made this such a special experience is that a wild Sumatran Orangutan actually attacked me. We were observing her and her baby from a distance as they played and climbed trees on a very steep embankment that we were all on. All of a sudden the tree she was on started to directly bend towards me and our guide was yelling for everyone to move up the steep embankment. I turned around to climb up, but directly in front of me was a massive tree and had nowhere to go…suddenly I felt her teeth on my left shoulder. I lay as flat as I could and tried to stay calm and prayed that she wouldn’t hurt me. I could feel her touching my back or what I thought was a touch. The guide finally was able to get close enough to reach for my hand to help me out. The guide said I wasn’t only lucky because she didn’t hurt me, but after she attacked me she actually kissed my back. The guide said this is their way of saying they like you. It was a terrifying and also incredibly special experience to be in the presence of such a majestic creature, but to be actually kissed by one.

After reading your biography I understood better the delicate beauty and sensitivity in your work which has mesmerised me. When did you begin to create such sophisticated introspections into the human body?

Jenna: I started creating my anatomy illustrations in May of 2017 as part of my content for Duvet Days. I was inspired to create these illustrations after speaking to so many fellow survivors of abuse and the issues that many of them struggled with when it came to their bodies and intimacy. I wanted to create informative illustrations that helped viewers not only learn but embrace, inspire, and love their anatomy’s again or for the first time. Our bodies are incredible and wanted illustrations that honored that.

How does your typical day look like?

Jenna: I just had my first child 17 weeks ago so my typical day looks much different now. I’m awake at around 5:30 am and bring my daughter Makoa into bed with me and my partner for morning snuggles until about 6:30am. Get out of bed to have my morning coffee while breastfeeding my little one. When she has her morning nap around 8:30 am I try and power through emails and catch up on work as much as I can. Once she wakes I take her on a 25 minute morning walk and after we do some hammock time on our patio. My day is spent fully with Makoa so when she naps throughout the day I really try and catch up on work, cooking, or chores around the house. She goes to bed around 6:00pm-6:30pm so in my evenings is when I am able to have some me time.

Where do you seek inspiration to create your illustrations?

Jenna: Honestly I am inspired by nature. I live in Costa Rica so there is so much inspiration around me. I am fortunate to live where we have monkeys, amazing colored birds, foliage, beautiful tropical flowers, and the ocean around us so there is so much to be inspired by.

What are your favourite rituals? (regarding life, family, art, friends…)

Life: At the end of each day before I go to sleep reflecting on my day and letting go of anything negative. This makes for a better sleep and you start your mornings with positivity.

Family: My partner and I cuddle in bed with our daughter for the first hour of our day.

Art: I do a lot of visualization for my illustrations before I ever even start working on them. I like to visualize and go over the meaning of them to myself as a lot of emotions go into each one for me.

Friends: I moved away a couple years ago so it has been difficult to keep rituals with friends now that I am far away. The one ritual I do with friends regardless if I am back home for a visit or if friends are visiting us is that we always cook together.

How important is it today to share stories like yours? Do you think they can be heard? What advice can you give in speaking out?

Jenna: I think it is incredibly important to share our stories as it gives us a voice. It helps inspire others to have a voice who are either afraid or don’t have the strength on their own. It gives people hope and when you are in a dark space, hope is what you need to pull through. Our stories and vulnerability help others not feel so alone. With today’s social channels we are able to reach others and start conversations that we never would have been able to in the past so yes I do believe people can and are being heard. I always tell fellow survivors that timing is everything. That only they know when is the right time for them to speak out and for some they may never feel a calling to and that is ok too. It took me 10 years before I was ready and felt it was something I needed to do for myself. There is no right way to speaking out and all you can do is speak your truth and be authentic.

How do you practice your own Duvet days?

Jenna: I will be honest and say since having a baby it has been much harder for me to have my own Duvet Days, but I do try and incorporate small things that are just for me. They are simple things such as my long morning showers while my partner looks after our daughter, my morning coffee and walk, and the times I get to work on my illustrations.

What have you learned while becoming a mother? What has motherhood taught you?

Jenna: Becoming a mother changes you forever. Motherhood teaches you to truly love unconditionally and to care for something with your entire being. You realize what is actual important in life and to not waste your energy on negativity or fear. To fully let go and stop trying to control the outcome. Lastly it makes you appreciate all the tiniest moments in life and how precious they truly are.

 

You Might Also Like

Нема коментари

    Коментирај