Баланс мама Експерти и совети Концепт мама

ИЗВАДОК ОД КНИГАТА „КОНЦЕПТ МАМА“ : Како да се ублажи состојбата на мачнини во првите месеци од бременоста?

Носете ја својата бременост како круна!

***

Како да се ублажи состојбата на мачнини во првите месеци од бременоста?

 

„Дали оваа состојба некогаш ќе заврши? Кога конечно ќе си дојдам на себе? Дали некогаш ќе уживам во својата бременост?“ Доколку овие прашања ви се добро познати, сигурно сте доживеале состојба на мачнини во бременоста. Кај 60-70 проценти од жените, во првите недели се појавуваат мачнини и повраќање, кои вообичаено прекинуваат на крајот на првото тромесечје, но поретко може да продолжат и до деветтиот месец. Понекогаш на таквата состојба може да влијае и генетската предиспозиција, но тоа не е правило. Патогенезата на мачнина и повраќање ја подразбираат различни метаболични и невромускулни фактори, иако нивната точна причина е непозната. „Пошироко е прифатено дека гестационото повраќање се должи на различни услови на метаболизмот и ендокриниот систем, а повеќето од нив се поврзани со плацентата“. Оваа состојба не значи дека ние сме слаби како организам во тој период. Напротив, треба да се потсетуваме дека таа означува подготовка и влегување во процесот на создавање на сферата за растење на нашето дете. Треба да се поддржуваме, верувајќи дека истата таа сфера носи обвивки од сите наши претходни искуства (исхрана, вежбање, пристап кон животот), како и можност да ги надополниме и зацврснеме истите и во самиот период на бременоста.

 

Мачнината може да ја ублажат и надминат следните природни мевлеми и постапки:

 

  • Свеж сок, комбиниран со свеж ѓумбир или ѓумбир во форма на чај.

 

  • Свежа лимонада, особено за почеток на денот.

 

  • Внесување мали количини оброци и пијалаци, распоредени повеќе пати низ денот.

 

  • Густина на хранливи материи. Хранење со балансирана храна со полно зрно, свеж зеленчук (зелен и со листови), протеини, целосни масти, комплексни јагленхидрати и многу растителни влакна. Важна поддршка на телото е консумирањето неконзервирана храна, органска и во цела форма.

 

  • Медитативни вежби и јога вежби за дишење, преку кои можеме да се потсетуваме на минливоста на тешкотијата од мачнините, нашата повисока цел и фактот дека оваа состојба не е вечна. Ќе дојде период во кој навистина ќе уживаме во својата бременост.

 

  • Емоционална поддршка, храбрење од партнерот, фамилијата и од пријателите дека ова е период на тешкотија, но ќе се надмине.

Слаби физички активности, кратки прошетки, вежби за истегнување и за дишење, патувања и нови искуства во секојдневието за да не дозволиме да нè совлада монотонијата на повторливата тешкотија.

***

Поддржете не и купете ја својата „Концепт мама “ книга и дневник на https://letsfundit.mk/Home/ProjectDetails/10164.

You Might Also Like

Нема коментари

    Коментирај