Баланс мама Концепт мама

ИЗВАДОК ОД КНИГАТА „КОНЦЕПТ МАМА“ : Монтесори планирање на просторот

„Педагошкиот метод Монтесори, развиен од д-р Марија Монтесори, е образовен пристап што се темели на научни истражувања спроведени на деца во периодот од раѓањето до полнолетството. Методот на д-р Монтесори е временски тестиран со повеќе од 100 години успех во различни култури низ светот. Тој го третира детето како личност природно желна за знаења и способна да започне учење во средина што нуди поддршка и внимателно е подготвена за едуцирање. Тоа е пристап што го вреднува човековиот дух и целовитиот развиток на детето – физички, социјално, емоционално и когнитивно.“ Постои цело движење поврзано со темата педагогија Монтесори. Кога пребарувате повеќе информации во врска со овој педагошки пристап, може да најдете играчки „направи сам“, едукативни програми, работилници, насоки за како да ги применувате принципите во својот дом. Аплицирањето на методата Монтесори во домот значи воспоставување на „инфраструктура“ од можности за слободни движења и активности на бебето/детето во негов дофат. Всушност, сѐ што е на иста височина со бебето треба да биде достапно за него/неа, да содржи едукативни играчки и илустрации, за тоа да може да се движи и да открива насекаде каде што ќе го поведе желбата, без да мора вие на секој чекор да му велите: „Не!“


„Како што минувате низ процесот за подготвување на бебешката соба пред раѓањето, легнете долу на подот, на средина од собата, и погледнете наоколу, слушајте. Дали ќе биде безбедна, интересна, убава, смирувачка? Дали ќе овозможи доволно слобода и движење? Бидејќи малото дете има силно чувство за ред, идеално е доколку собата остане иста во текот на првата година. Поради таа причина, важно е да размислите темелно како да ја наместите првата средина. (…) Може да ви биде од помош ако замислувате дека целата соба е исцртана, со порта за бебето кај прагот, и да ги истражите секое делче и катче, проверувајќи дали е интересно и безбедно. Ако новороденчето ја дели собата со родителите или со сестра/брат, сѐ уште можеме да понудиме голема, безбедна и интересна средина. Најпосле бебето ќе ја истражи целата соба со портата кај вратата и постепено ќе премине во остатокот од куќата, кој е соодветно заштитен и интересен.“

***

Поддржете не и купете ја својата „Концепт мама “ книга и дневник на https://letsfundit.mk/Home/ProjectDetails/10164.

You Might Also Like

Нема коментари

    Коментирај