Баланс мама Експерти и совети Инспирација Концепт мама

Млечниот бакнеж

“Our bodies are so strong, so incredible, and beautiful even with flaws and scars and weaknesses.”

За време на Светската недела за поддршка на доењето, World Breastfeeding Week, од Концепт мама би сакале најнапред да им изразиме поддршка на сите мајки без разлика на нивните избори во однос на доењето. Процесот и патот на остварувањето на млечниот бакнеж, времетраењето на доењето и самиот став на мајката во однос на доењето можат да бидат под влијание на различни општествени и културни фактори, околности, причини и достапни информации. Од таа причина, на почетокот на овој пост би сакале да изразиме поддршка за сите мајки  и жени, и разбирање за повеќето фактори кои влијаат на нивните одлуки, а за кои честопати се површно осудувани. Сметаме дека, наспроти осудата, сите треба да влијаеме на нашите општества, семејства и пријатели да ја согледаат вредноста и поширокиот контекст на мајчинските одлуки. Притоа, една од клучните одлуки е токму доењето на своето дете. 

Доењето е процес кој е емоционален, бара физички напор, на моменти целосно исцрпувачки, а од друга страна е еден од најпрекрасните процеси што една личност може да ги искуси. Понекогаш тоа значи да се изминат различни фази и процеси во самиот процес. Важно е мајката да има поддршка и разбирање од партнерот, најблиските, општеството. Јас 13 месеци ја доев својата ќерка без додавање вештачко млеко во целост и ексклузивно доење во првите 6 месеци според препораките на Светската Здравствена Организација. 

Многупати ми било прекрасно, многупати ми било тешко. Се сеќавам колку често барав да читам искуства од други мајки за да се поврзам со нив, да ми олесни во процесот. На почетокот често запишував во дневникот колку пати, кога, мерев на тајмерот на телефонот. Подоцна се ослободив и се препуштив, уживајќи не само во имунолошките вредности кои му ги дарувам на своето бебе, туку и себеси, како и во размената на енергија и врската која ја доживеав со своето дете.

Секоја мајка треба да биде доволно информирана за позитивните вредности на доењето и да одлучи самата за себе без неконструктивни влијанија.

“Главната имунолошка состојка на мајчиното млеко имуноглобинот А (IgA) е присутен во големи количини во колострумот (златното млеко), првото млеко што Вашето тело го создава за вашето бебе (IgA е помалку присутен во зрелото млеко). Имуногоблонот А го штити бебето преку формирање на заштитна обвивка во мукосните мембрани во внатрешноста на органите за варење на бебето, носот и грлото.

Вашето млеко е специфично направено за Вашето бебе. Вашето тело одговара на патогените (вирусите и бактериите) кои се во вас и прави специфичен имуглобин А за тие патогени, правејќи заштита на вашето бебе реципрочно на она на кое вие сте изложени.

Тоа звучи неверојатно, нели? 

Потсетете се дека доењето во суштина е сосем природен процес, она што денес го доживуваме како тешкотија е контекстот на нашите општества кој повторно треба да се потсети на она што природно го носиме во себе. Ние ја градиме нашата доверба како мајки, потсетувајќи и откривајќи го нашиот мајчински потенцијал кој веќе е во нас. Специфично на себе.

Кои се Вашите омилени придобивки, искуства, одлуки во врска со доењето?

Концепт мама ги поддржува мајките кои носат информирани и одговорни одлуки за себе и за своето дете, без разлика дали ќе се одлучат да го дојат своето дете.

Повеќе информации ќе можете да прочитате во книгата и дневникот Концепт мама.

Дополнителни информации може да најдете и на следните линкови:

https://www.familie.de/baby/animation-zeigt-was-beim-stillen-wirklich-passiert-1231212.html?pinterest=ja

10 Reasons Why You Should Breastfeed

http://www.cherish.us/explore/2016/8/1/15-breastfeeding-challenges-nipple-guards-etc-in-honor-of-ntl-breastfeeding-month?rq=breastfeeding

https://www.lulka.org/index.php/mk/

 

You Might Also Like

Нема коментари

    Коментирај