Концепт мама

Концепт мама речник: Колострум – најчудесната материја позната на човекот

Од бременоста до денес постои нов речник од зборови и расветлување на митови кои ми се случија токму заради станувањето мајка, родител. Од таа причина решивме на Концепт мама да почнеме да споделуваме зборови и нивниот поширок контекст, односно полека да изградиме заедно со вас Концепт мама речник. Оваа недела започнуваме со зборот Колострум или златниот стандард. Колострумот е првото млеко кое доаѓа кај мајката (може да дојде и неколку недели пред породувањето) и има жолта или портокалова боја.

Во продолжение извадок од книгата Концепт мама : 

„Колострумот или првото млеко е ‘Течно злато’ перфектно пакување на храна и лек. Тој е, најверојатно, една од најчудесните материи познати на човекот. Совршено е скроен да му го обезбеди на бебето точно она што му треба во првите денови од животот:

  • Екстремно голем број антитела и други фактори на имунитет. Колострумот се нарекува „прва вакцина“ на бебето поради големиот број специфично создадени антитела кои се борат против болести. Потсетете се дека сè до моментот на раѓање бебето никогаш не е изложено на туѓи бактерии и имунитетниот систем не е сѐ уште активиран. На бебето му се потребни имуноглобините пренесени преку мајчиното млеко за да го заштити и активира неговиот имунолошки систем. Ова е особено важно во првите неколку дена, кога бебињата се многу сензитивни на бактерии и вирални инфекции.
  • Лесен е за дигестирање. Колострумот има помалку маснотија отколку зрелото млеко, што е совршено за дигестивниот систем на бебето.
  • Содржи витамини, минерали и концентриран протеин (4 пати повеќе отколку зрелото млеко) кој помага за растот, за дигестирање и заштита од болести.
  • Ги заштитува стомачните црева и им помага да созреат. Ова е особено важно. За време на раѓањето, цревата на бебето се „отворени“, односно секоја материја која стигнува во нив се пропушта во крвта. Доколку се внесе друга материја, може лесно да се развие одредена алергија или болест. Материите за раст во колострумот ги забрзуваат клетките во цревата да пораснат, ги поттикнуваат цревата да се „затворат“,а антителата во колострумот ја тапацираат нивната внатрешност.
  • Содржи пробиотични клетки кои помагаат да се колонизираат цревата на бебето со „добри“ бактерии. Бебињата примарно ги добиваат своите здрави, „добри“ бактерии од два извори: вагиналното породување и мајчиното млеко. За бебињата родени со Царски рез, внесувањето на колострумот не треба да се преговара.
  • Малите количини му помагаат на дигестивниот систем да не е оптоварен. По раѓањето, стомакот на новороденчето во себе не може да содржи многу течности; следствено, треба да се храни со мали количини. Ваквото хранење, исто така, значи дека бебето ќе добие повеќе време да се навикне како да се координира помеѓу голтање и дишење.”  
  • Колострумот содржи голем број живи клетки (лимфоцити и макрофаги). Во споредбена студија на лековитите својства помеѓу вакцина за грип и колострум, пронајдено е дека колострумот е дури 3 пати поефективен од вакцината.”

Колострумот е специфично создаден од мајката за бебето кое таа го вдомила во себе. Бидејќи во првите неколку дена по раѓањето може да се соочите со предизвикот на воспоставување на процесот доење, доколку не можете да доите, препорачливо е да бидете упорни и да му давате колострум на бебето со екстрахирање и потоа со помош на шприц, лажичка или медицинска чашка. Колострумот е доволен! Внимавајте да нагласите во болницата дека сакате бебето да го вкуси колострумот наспроти вештачкото млеко кое е вообичаена (но не и препорачлива) замена. Како што можевте да воочите погоре, постои суштинска разлика помеѓу вештачкото млеко и колострумот, односно постојат толку многу аспекти кои вештачкото млеко не може да ги исполни. Особено е важно да сте свесни за тоа, за да го задржите природниот тек на работите, колострумот не случајно го нарекуваат и првата вакцина за новороденчето.  Она што треба да го знаете е дека колострумот не значи дека немате млеко! Зрелото млеко може да дојде 2-3 дена по породувањето, а во меѓувреме природата смислила совршен начин и пијалак за новороденчето да ја добие совршената супер-храна. Колку е женското тело неверојатно!

Споделете ги вашите искуства и приказни во коментар на овој пост. Повеќе информации за доењето можете да прочитате и во книгата Концепт мама, а во дневникот можете да го бележите вашето доење.

 

You Might Also Like

Нема коментари

    Коментирај