Инспирација

Фотоколаж бр.3: Флуидна љубов

Во продолжение фотографии од https://www.instagram.com/superdads/ од и извадоци од книгата „Флуидна љубов” од Зигмунт Бауман. Се надеваме дека ќе ви се допадне контрастот 😉

 

„Во нашево време детето, прво и основно, е објект на емоционална потрошувачка. Децата се меѓу најскапите нешта што просечните потрошувачи веројатно ќе ги купат за време на својот живот. Во чисто монетарна смисла, децата чинат повеќе отколку луксузниот, најмодерен автомобил, крстарење околу светот, дури и куќата поради која сте горди. Во светот кој веќе не ни нуди сигурни патишта на кариерата и стабилни работни места, за луѓето што се движат од еден проект до друг и заработуваат за животот додека се движат, потпишувањето на договор за кредит со непозната и неопределена долга отплата значи изложување на некарактеристично високо ниво на ризик и богат извор на вознемиреност и страв. Имањето деца значи да се оптовари сопствената удобност со благостојбата на друго, послабо и зависно суштество. Автономијата на сопствените желби мора да биде компромитирана, и секогаш повторно: година по година, ден по ден.”

„Имало периоди (во домаќинствата/работилниците или на семејните фарми) кога децата биле произведувачи. Во тие времиња, поделбата на работите и распределувањето на семејните улоги се поклопувале. Детето требало да му се приклучи на oikos, да придонесува во работната сила на работилницата или на фармата – и така, во тие времиња, кога богатството потекнувало или било црпено од работата, од доаѓањето на детето било очекувано да се унапреди благосостојбата на семејството.”

„Со новата трошност на семејните структури, со помалата должина на животот на семејството, отколку што е претпоставената должина на кој и да е негов член, со членството во конкретните семејни родослови што бргу се претвораат во нерешителните луѓе на флуидната модерна ера и со предаденоста на која и да е достапна мрежа на родослови која за растечкиот број на поединци се претвора во предмет на избор и во избор што може да биде откажан на неопределно време – детето се уште може да биде мост до нешто потрајно. Но брегот до кој води тој мост е прекриен со магла за која никој не очекува дека ќе се подигне, тоа е малку веројатно дека ќе разбуди многу емоции, а не, пак, да поттикне копнеж по акција. Кога ненадеен налет на ветрот би ја оддувал маглата, никој не знае со сигурност каков вид брег ќе биде откриен и дали од маглата ќе се појави некоја земја што ќе биде доволно цврста за да го одржи траен некој дом.”

You Might Also Like

Нема коментари

    Коментирај