Инспирација

ФОТОКОЛАЖ БР.4: Креативни проекти

Како родители секогаш се обидуваме да го направиме најдоброто за своето дете, но понекогаш ни фали малку инспирација, да направиме нешто различно од секојдневието, да се изразиме и ние како индивидуи. За да поттикнеме креативни активности решивме да го организираме конкурсот за детски цртеж кој трае до крајот на овој месец и е одлична прилика и за вас и за вашето дете да пробате, доживеете искуство кое е различно, поинакво. Доколку ви треба малку инспирација за конкурсот за цртеж на Концепт мама, во денешниот Фотоколаж прочитајте различни начини како да направите проект за цртеж, колаж, акварел со вашето дете. Ваквите активности можат да бидат многу значајни за децата и да ги поттикнат да имаат различно искуство од она што вообичаено им се случува. И вие покрај нив. Децата сакаат да учат и искусуваат преку игра така што кога ќе се решите за ваков проект бидете подготвени на хаос, уживање, можеби и вие да се вклучите во тоа што се случува, да разговарате, да се смеете и опуштите. Еве го нашиот избор на креативни проекти:

1.Цртање со снег и транспарентна хартија во боја (ова особено може да ви се најде во зимските денови)

https://www.firefliesandmudpies.com/snowy-day-tissue-paper-art/

2. Колажи и илустрации инспирани од Кандински 

Ние во Концепт мама секогаш сакаме да разгледуваме примери и црпиме инспирација од уметноста.

Впрочем тоа можете да го најдете и во првата книгичка за вашето дете (цртежи инспирани од Анри Матис) вметната во дневникот Концепт мама.

https://www.happinessishomemade.net/kids-art-lesson-kandinsky-inspired-concentric-circles-collage/

Kandinsky Circle Studies

3. Цртање со раце, парче картон

Swipe Art!

4. Цртање со движења 

Ова едвај чекаме да го пробаме!

CREATE GIANT KID SIZE SPIROGRAPH DRAWINGS

5. Поинтилизам 

Pointillism Art with Q-tips and Watercolors

 

Ги очекуваме со нетрпение цртежите на вашите деца на конкурсот!

You Might Also Like

Нема коментари

    Коментирај