Концепт мама

КОНЦЕПТ МАМА РЕЧНИК: Предвреме родени новороденчиња

Овој текст го објавуваме за да го одбележиме денот на Предвремено родените новороденчиња. Ќе ни биде драго да споделите искуства, приказни и совети со нас. На сите предвремено родени новороденчиња им посакуваме сила и надеж, а на нивните родители потсетување дека не се сами и да продолжат да се борат.

Текстот е превземен од: https://www.thebump.com/a/preemie-mom-advice

Сликата е превземена од: https://www.instagram.com/itsadayreally/

Кога започнува времето да се грижите за своето новороденче, постојат многу работи кои не можете да ги предвидите. Дали бебето ќе се навикне на доењето? Дали ќе спие убаво навечер? Дали ќе плаче постојано? И ако бебето се роди предвреме, листата на непознати како да се дуплира. Околу 1 од 10 раѓања во Америка се предвремени – дефинирани како бебиња родени пред 37. недела. Додека грижењето за вашето предвремено родено бебенце на интензивна нега е сѐ само не едноставно, тука сте на вистинското место. Во овој пост споделуваме искуства од мајки кои морале да поминат низ истото:

1.Препуштете се целосно

„Колку што можете повеќе вклучете се во хранењето, промената на пелените, секојдневието на бебето. Дури и ако само спие, присуството до него е добро и за него и за родителот.”

2. Практикувајте го ритуалот „кожа на кожа” ( за ова повеќе можете да прочитате во книгата Концепт мама и во следниот пост

„Кога го посетувате своето бебе замолете да можете да практикувате„кожа на кожа” колку што е возможно повеќе. Доколку самата болница не го препорачува тоа, побарајте го самите. Ова е навистина моќен начин да се справите и со сопствените чувства и е добро и за бебето. Ако бебето не сака, остварувајте контакт преку тивко зборување, читање, ммкање, пеење на приспивни песни. На бебето ќе му биде драго да го слуша вашиот глас.”

3.Испумпувајте млеко со цел 

„Доколку можете, испумпувајте млеко. Толку многу се чувствував беспомошно додека моето бебе беше на интензивна него, што фактот дека можев да обезбедам мајчино млеко за него ми помогна да се чувствувам како да можам да направам нешто.”

4. Пишувајте наместо да се јавувате 

„Ја сакам својата приватност, се повлекувам во периоди како овој. Комуницирав со многу луѓе и споделував што е ново преку смс и Фејсбук, објаснувајќи дека не сум подготвена да зборувам лично или по телефон. Ситуацијата ја држев неутрална кажувајќи дека таа има типични предизвици за едно новороденче и и е потребен постојан надзор. Ќе споделев повеќе детали и чувства со неколку од моите најблиски пријатели кои имаа предвремно родени бебиња, меѓутоа тоа секогаш беше преку текст или порака зошто не можев да зборувам за тоа без да се растргнам.”

5. Запишувајте 

„Кога сте сами дома, пишувајте дневник. Неколку месеци во иднина сите денови поминати во болница ќе ви бидат како во магла. Ова е одличен начин да ги извадите сите чувства на лутина со кои се справувате, подобро отколку да ги чувате во себе. И ќе биде добар начин да го запаметите овој луд временски период.”

6. Прифатете помош 

„Апсолутно прифатете кој и да ви нуди помош, да ве префрли до болницата со кола. Од друга страна ќе мора да им објасните дека ви треба време сами со бебето. Ми беше многу исцрпувачки и фрустрирачки да подготвувам други луѓе да го држат, хранат…Се обидував да ги наградам за сметка на тоа што беа толку обѕирни да ме однесат до болницата што пропуштив круцијално време за поврзување со моето бебе.”

7. Не го прашувајте Господин Гугл 

„Немој да го пребарувате Гугл или да барате блогови за одредени состојби освен доколку не сте нашле легитимен извор. Интернетот е полн со најлошите можни приказни и ќе ве преплашат.”

8. Најдете други мајки кои имаат предвремено родени новороденчиња за да разговарате

„Ми беше многу тешко во првите неколку недели откако ме пуштија од болница. Мојот сопруг не знаеше што да прави со мене: почнував да плачам неочекувано и често. Конечно се решив да најдам и други луѓе како мене. Зборувањето со нив ми помогна повеќе од сѐ друго.”

9. Испумпувајте млеко откако сте биле со своето бебе 

„Испумпувајте млеко во близина на бебето или имајте слика од нив додека испумпувате – двете ми помогнаа додека мојот син беше на интензивна нега.”

10. Научете го распоредот на вашиот доктор

„Обидете се да бидете тука кога докторите прават визита за да можете да прашувате и да разберете повеќе.”

11. Ден по ден 

„Да се биде на во одделението на предвремено родените бебиња ќе има свои достигнувања и падежи. Вдишувајте го секој ден посебно и знајте дека ќе има крај. Кога бебето ќе дојде дома, ќе ви изгледа како далечен спомен. Исправете се и мислете дека вашето бебе е на најдоброто можно место. ”

12. Одморете се 

„Кога ќе ви дојде преку глава од болницата, направете пауза без да се чувствувате виновно. Болницата може да биде многу изолирачко место и ве истоштува. Освежената мама е најдобрата мама.”

13. Бидете зафатени 

„Најдобриот совет што можам да ви го дадам е да го посетувате своето бебе најмногу што можете. Кога не сте во болницата, подготвувајте ја детската соба за бебето. Ќе ве држи зафатени. Тоа го правев јас и успеав да го оддржам своето ментално здравје.”

14. Прашувајте го медицинскиот персонал за совети 

„Сестрите ме научија како мајка на првороденче како да се грижам за своето бебе. Сега имам многу повеќе самодоверба.”

15. Прославувате го секој чекор

„Она што е најдобро од оваа ситуација освен нашите чуда е колку повеќе ќе цениме сѐ околу нас и секој нов чекор и развиток на нашето дете.”

Сликата е превземена од: https://www.instagram.com/stimulativno_roditeljstvo/

 

 

 

You Might Also Like

Нема коментари

    Коментирај