Во изминатиов период налетав на многу инспиративни Инстаграм блогови на мајки кои се обидуваат да развијат сопствени проекти паралелно со својата улога како родители. Од таа причина решив да направиме серија на интервјуа со нив на Концепт мама. Денес ви ја претставуваме Мери или Моја Фитнес Мама која неодамна го лансираше сајтот http://mojafitnessmama.com/. Таа наоѓа време да постира видеа и дискусии на различни теми, организира програма за вежбање и слабеење со своето бебе и зрачи со позитивна енергија. Ви препорачуваме да го следите нејзиниот Инстаграм профил и сајт зошто знаеме колку труд е вложува секоја мајка која одвојува време да го сподели своето искуство, знаења и инспирации за како другите мајки да ги надминат своите потешкотии. Само напред, Мери! Прочитајте повеќе во интервјуто со Концепт мама:
Која беше инспирацијата и целта да почнете со Инстаграм профилот?
Инспирацијата за Моја Фитнес Мама беше да помогнам на мајки кои сакаат да симнат килограми и да сменат нешто во своето секојдневие. Додека за блог за мајки сакав уште кога бев бремена, па така Моја Фитнес Мама прерасна во блог за секоја тема, проблем што ја засега мајката, жената, девојката.
Што се трудите да постигнете со постовите, видеата? Што би сакале да споделите со другите мајки?
Како го балансирате своето секојдневие како родител?
Искрено не балансирам, едноставно се препуштам.
Каква поддршка им е потребна на луѓето кои се на прагот да станат родители? Како треба да се едуцираат родителите за време на родителството?
Пред сѐ да сакаат да се родители, да се спремни на откажување, себе да се ставаат на последно место, да се свесни дека слободно време нема да има како порано. Во родителските води да се влезе и свесно и спремно колку што се може, Во денешно време има толку многу да се прочита и да се слушне секаков совет, затоа треба да се одбира што и од кого се слуша и советува и на крајот од краиштата секој родител знае што е најдобро за своето дете. Во тешки моменти како и критични моменти во растот и развојот на детето да не се срамат да побараат помош од детски психолог, педагог, да ги насочи во патот на воспитувањето. Кај нас нема но во Хрватска и Србија Нада Бучевиќ држи работилници за деца, топло ги препорачувам.
Кои се Вашите омилени книги, музика и филмови за родителството?
Кога останав бремена одма отидов да купам книги за трудници и за родителство. Исчитав сѐ но некако не најдов прави книги за раснење на спиритуално дете. Додека во една украинска книга најдов тоа што барав. Вака како книга за совети општи да се снајдеш и да имаш некој ред во случувањата ја препорачувам “Што да очекувате во првата година”, за воспитување на поголеми деца „Сафари на духот„ – Ана Бучевиќ. Книга за деца, возрасните да се потсетат на вредностите „Сафари на Духот„ – Нада Бучевиќ„.
Како го доживеавте своето раѓање како мајка и како се снаоѓате со сите предизвици? Кои свои граници сакате да ги надминете во тоа и каков совет, приказна, искуство би споделиле со другите мајки?
Нема коментари