Драги читатели,
Среќни сме што можеме да ви најавиме нов Youtube канал на Концепт мама каде ќе можете да следите видеа на различни теми од бременоста, породувањето и раното родителство. Се надеваме дека со ова ќе побудиме интерес кај вас и ќе започнеме дискусии на некои од темите кои не засегаат сите нас секојдневно. Во првото видео Концепт мама ги објаснува 7те B на Attachment parenting: поврзување по породувањето, доење, спиење заедно, носење на бебе, внимавање со бебе-тренинзите, верба во плачот на своето бебе-дете и баланс заедно споделувајќи и некои од нејзините лични искуства. Доколку сакате да знаете повеќе за одредена тема пишете ни и ќе ни биде драго да ја продлабочиме во некои од следните видеа.
Ви посакуваме убав викенд.
Ваша,
Концепт мама
Нема коментари