ЗА НАС

Кои лични искуства, совети од експерти, инспирации кои можат да ни бидат само-поддршка во стадиумите на бременоста и почетокот на мајчинството/татковството?

Како да го оформиме и изградиме сопствениот концепт за станувањето родител и личниот пристап и однос кон своето семејство?

Дали основањето семејство значи целосна промена на идентитетот?

Проектот „Концепт мама” има цел да истражи како да се постигне балансот помеѓу модерното урбано живеење, допирот со природата и контекстот/личностите кои нè опкружуваат, преку целовит и освестен пристап. Преку интервјуата и авторските текстови сакаме да направиме општествен пресек и да отвориме дискусија на теми кои влијаат во процесите на трансформација при основањето семејство. Бременоста, породувањето, раѓањето и постпартумот се животни промени кои вклучуваат новини во идентитетот на индивидуата, но и одреден опшетствено-културен-традиционален контекст. Преку нашиот проект сакаме да изградиме информативна мрежа и кооперативен модел на позитивно дејствување помеѓу различните личности во процесот и градењето доверба во себе на клучните актери – родителите и децата.

Поставувањето суштински прашања и одговори има цел да им помогне на мајките и татковците да надминат дел од своите стравови, но и да ги разбие митовите и општествените стереотипи за нивните улоги. Наспроти тоа, се надеваме дека ќе поттикнеме креативни размислувања и решенија, пристапи, животни стилови, како и информирани, освестени одлуки.

 

Тимот на Концепт мама

Александра Шекутковска

Aвтор

Гоце Докоски

Компјутерски гуру

Ацо Пероски

Соработник, уредување на текстови