Browsing Tag

детство

Инспирација

ПРЕПОРАЧУВАМЕ КНИГА: „Сосем обичен ден“ на Марк Јансен

Постојат детски книги чија содржина и илустрации се чини како да се „хиероглифи на ѕвездите”. Една од тие е и „Сосем обичен ден“ на Марк Јансен дел од издавачката куќа Сказнувалка посветена на детски книги. Како и во најдобрите дела приказната е навидум едноставна, скриена, полна со неочекувања и изненадувања на секоја нова страна. Илустрациите се волшебни и се исполнети со желбата да станат делчиња од романтичното детство.

Но, дали е сосема обичен ден?

Погледнете на фотоколажот кој го подготвивме посветен на книгата:

Продолжи со читање

Инспирација

ФОТОКОЛАЖ Бр.1

Овој колаж му го посветуваме на Владета Јеротиќ.

Во продолжение ќе пронајдете некои од неговите размислувања за децата, родителите, љубовта, личноста…

„Детето до крајот на третата година е впивачки ум, како сунѓер е. Колку е само потребно тогаш таткото и мајката да го сакаат најмногу! И така до 5 години, па потоа и нека има мали конфликти, но во првите три до пет години,  заради детето а и заради себе, детето треба да ја види, да ја впива љубовта на својот татко и мајка. Скриптата ќе остане, а потоа децата во својот брак ќе бараат да го доживеат она што го доживеале во првите три до пет години: и добро и лошо. Генетика, пренатално доба и првите три години на животот!”

„Треба да може да се дозволи детето да се одвои, уште повеќе, да сака да се одвои и еден ден да си оди. Чувството на самоконтрола без губење на самопочитувањето според Ериксон е онтогенетски извор на чувството на слободна волја”.

„Луѓето најмногу очекуваат нешто од другите, детето од родителите, потоа родителите од детето, но тоа не би требало да е така, бидејќи сите ние треба да работиме на себе и тоа без прекин.”

 

„На природната тежа на љубовта и се потребни поволни услови за развој. Затоа што да се сака друг човек значи и да се разбира, а секако и да му се простува.

До душа, не е лесно да се сака човек онаков каков што е, но само ако сме во состојба не само да го прифаќаме туку и да го засакаме баш таков каков што е, ќе го поттикнеме да стане таков каков што може да биде. ”

 

 

„Детето нема никаков друг критериум за сопствената вредност освен преку признанието кое го добива од својата најблиска околина. Да не заборавиме притоа на тврдењето на Адлер дека секое дете не само што ја чувствува својата инфериорност, туку тоа самото и е инфериорно во однос на светот на возрасните околу него.

Не е ни важно дали е некое дете физички недоразвиено, бидејќи сме имале примери кога ваквите деца и подоцна созреаните возрасни луѓе, со правилно одгледување во кое на детето му е пружен материјал за самопотврдување и признавање на неговата личност, воопшто не патат од никакви чувства на инфериорност.

Напротив, голем број деца надарени како со интелегенција така и со физички изглед заради погрешното одгледување прилично многу патат од недостаток на самодоверба, плашливост и срамежливост.”

 

„Среќна љубовна заедница е онаа во која се одвива заеднички развоен процес.”

Инспирација

ПРИКАЗНИ ЗА МАЈЧИНСТВОТО: Рефлексија

Минатата есен ја посетив историската плажа https://www.mossbeachdistillery.com/ со мојот сопруг и ќерка. Местото е познато по ресторанот кој има неверојатни погледи на карпите и Пацификот, како и за „Сината дама” – локалниот дух за кој се верува дека живее во ресторанот веќе 70 години.

Денот беше студен. Маглата беше густа и се прелеваше во брановите кои исчезнуваа на брегот. Инспирирани од нашиот семеен дух за Денот на вештерките, одлучивме дека е вистинското место за нашиот ручек, можеби дури и место кое ќе ни стане традиција (за денот на вештерките).

Последниот пат кога бевме тука беше кратко откако се роди нашата ќерка. Сакавме да поминеме време возејќи се покрај брегот и да одиме некаде каде не сме биле претходно. Ресторанот имаше надворешен двор и нудеше бескраен поглед на океанот.

Бевме толку горди да ја имаме неа тој ден, да седиме надвор и да уживаме во студеното пиво и мезе.

Овојпат нашата ќерка имаше 4 години. Неверојатно е колку брзо помина времето од нашата претходна посета.

Како што ручавме и се обидувавме да го поминеме целиот ритуал на хранење со воспоставување манири како „Компирчињата одат во твојата уста, не се палици за тапани”, „Масата не е место за танцување” и „Те молам не зјапај во луѓето позади нас”, еден пар со своето новороденче седна во нашата близина. Сега ние бевме тие кои зјапаа, се смееа и се потсетуваа кога нашето дете беше на таа возраст.

Наеднаш сѐ се затвори во круг и плажата волшебно се претвори во временска машина.

Често како родители не сфаќаме колку далеку сме отишле. Не си даваме време да направиме рефлексија на станиците кои сме ги изминале и сме станале поискусни во родителството од пред 4 години.

Се погледнавме и се насмевнавме со мојот сопруг онака како што не сме направиле долго време. Многу далеку изодевме заедно. Сега ја имаме оваа малечка девојка која повеќе ни личи на тинејџер отколку на новороденче.

Ова не значи дека родителството наеднаш станува полесно на 4 години. Како што го пишувам ова имам чудно чувство дека на нашиот француски булдог му е дадена половина од вечерата на мојата ќерка. Размислувам два пати кога ќе ми каже „Сега сум сита”, зошто за 20 минути истото може да се шретвори во „Гладна сум”. Родителството е  секако патување, не трка и затоа следниот пат кога ќе се чувствувате како да не сте родителот којшто сакате да бидете, застанете за еден момент и рефлектирајте ги малите победи кои сте ги направиле по патот.

А, која е впрочем Вашата последна мала победа?

Кортни Вард

Својата приказна за мајчинството пратете ни ја на следниов линк:

https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSdl8lZhr9-RozXX3hzPjBRch1VRXiRKb0OZHH17qI_RTYeKvA/viewform

Концепција – конкурс за приказна