Browsing Tag

миниживоти

Инспирација

ПРИКАЗНИ ЗА МАЈЧИНСТВОТО: Рефлексија

Минатата есен ја посетив историската плажа https://www.mossbeachdistillery.com/ со мојот сопруг и ќерка. Местото е познато по ресторанот кој има неверојатни погледи на карпите и Пацификот, како и за „Сината дама” – локалниот дух за кој се верува дека живее во ресторанот веќе 70 години.

Денот беше студен. Маглата беше густа и се прелеваше во брановите кои исчезнуваа на брегот. Инспирирани од нашиот семеен дух за Денот на вештерките, одлучивме дека е вистинското место за нашиот ручек, можеби дури и место кое ќе ни стане традиција (за денот на вештерките).

Последниот пат кога бевме тука беше кратко откако се роди нашата ќерка. Сакавме да поминеме време возејќи се покрај брегот и да одиме некаде каде не сме биле претходно. Ресторанот имаше надворешен двор и нудеше бескраен поглед на океанот.

Бевме толку горди да ја имаме неа тој ден, да седиме надвор и да уживаме во студеното пиво и мезе.

Овојпат нашата ќерка имаше 4 години. Неверојатно е колку брзо помина времето од нашата претходна посета.

Како што ручавме и се обидувавме да го поминеме целиот ритуал на хранење со воспоставување манири како „Компирчињата одат во твојата уста, не се палици за тапани”, „Масата не е место за танцување” и „Те молам не зјапај во луѓето позади нас”, еден пар со своето новороденче седна во нашата близина. Сега ние бевме тие кои зјапаа, се смееа и се потсетуваа кога нашето дете беше на таа возраст.

Наеднаш сѐ се затвори во круг и плажата волшебно се претвори во временска машина.

Често како родители не сфаќаме колку далеку сме отишле. Не си даваме време да направиме рефлексија на станиците кои сме ги изминале и сме станале поискусни во родителството од пред 4 години.

Се погледнавме и се насмевнавме со мојот сопруг онака како што не сме направиле долго време. Многу далеку изодевме заедно. Сега ја имаме оваа малечка девојка која повеќе ни личи на тинејџер отколку на новороденче.

Ова не значи дека родителството наеднаш станува полесно на 4 години. Како што го пишувам ова имам чудно чувство дека на нашиот француски булдог му е дадена половина од вечерата на мојата ќерка. Размислувам два пати кога ќе ми каже „Сега сум сита”, зошто за 20 минути истото може да се шретвори во „Гладна сум”. Родителството е  секако патување, не трка и затоа следниот пат кога ќе се чувствувате како да не сте родителот којшто сакате да бидете, застанете за еден момент и рефлектирајте ги малите победи кои сте ги направиле по патот.

А, која е впрочем Вашата последна мала победа?

Кортни Вард

Својата приказна за мајчинството пратете ни ја на следниов линк:

https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSdl8lZhr9-RozXX3hzPjBRch1VRXiRKb0OZHH17qI_RTYeKvA/viewform

Концепција – конкурс за приказна