Browsing Tag

прирачник за бременост

Концепт мама

ФОТОКОЛАЖ БР.2 Внатре во дневникот Концепт мама

Sирнете внатре во „Дневник Концепт мама”. Бележник за бременоста, раѓањето и почетокот на мајчинството, придружник на книгата „Концепт мама”. Тој опфаќа сѐ што би ѝ било потребно на една современа мајка да документира: дел посветен на личноста на мајката, страници во кои можат да се запишат сопствените доживувања и искуства, исхрана и вежби за време на трите тромесечја на бременоста, списоци кои се неопходни за подготовка на доаѓањето на бебето, простор за фотографии, дневник за доење и првите вкусови, страници на кои можат да се запишат размислувањата, чувствата и случувањата со своето бебе. Во овој формат дневникот е конципиран како сведок на хронологијата и трансформациите во бременоста и раното мајчинство, новото раѓање на детето и новото раѓање на мајката. Заедно со книгата тој ќе ви биде најдобар пријател низ целата трансформација како родител. (купете го својот комплет Концепт мама на https://konceptmama.mk/?p=479).

 

Продолжи со читање

Концепт мама

7 работи во кои дополнително вложивте кога решивте да го поддржите проектот Концепт мама

Поминаа две недели од успешното завршување на собирањето средства на www.letsfundit.mk, а ние сѐ уште разгледуваме впечатоци и чувствуваме искрена благодарност. Начинот на финансирање на проектите преку crowdfunding платформа подразбира и свесност за чувствителноста на авторот и неговото дело.

Од таа причина решивме да Ви прикажеме една тајна листа на 7 работи во кои дополнително вложивте кога решивте да го поддржите проектот Концепт мама:

  1. Креативно размислување и експериментирање со искуства, бои, вкусови и патувања, сѐ со цел тие да му се доближат и овозможат на своето дете.
  2. Искрено споделување на искуства, конструктивни пристапи, совети и впечатоци со читателот за бременоста, породувањето, раѓањето и раното родителство.
  3. Circa 700 часови поминати во читање, препрочитување, подвлекување и дискутирање на стручна литература за овие периоди на трансформација.
  4. Непознат број на часови поминати во читање и истражување на интернет, стручни експерименти, социјални мрежи, апликации, работилници…, наместо да бидат поминати во одмарање, спиење, чистење..
  5. Себепредизвикување и надминување на сопствените граници и стравови и пишување за тоа. Споделување на најважната лекција за постепеното и природното градење на самодоверба како родител.
  6. Желба за инспирирање на родителите за самосвесни, целовити и информирани одлуки и пристапи.
  7. Балансирање на двојноста помеѓу полнењето на балонот со љубов кон своето дете и балонот со љубов кон сопствената човечка потреба за создавање и инспирација.

На сите оние кои нѐ поддржаа, на сите оние кои допрва ќе нѐ поддржат, на сите оние кои размислуваат дали да нѐ поддржат.

Искрено Ви благодарам!

Ваша,
Концепт мама