Browsing Tag

фитнес тренер

Баланс мама

Инспиративни мајки: Moja Фитнес Мама

Во изминатиов период налетав на многу инспиративни Инстаграм блогови на мајки кои се обидуваат да развијат сопствени проекти паралелно со својата улога како родители. Од таа причина решив да направиме серија на интервјуа со нив на Концепт мама. Денес ви ја претставуваме Мери или Моја Фитнес Мама која неодамна го лансираше сајтот http://mojafitnessmama.com/. Таа наоѓа време да постира видеа и дискусии на различни теми, организира програма за вежбање и слабеење со своето бебе и зрачи со позитивна енергија. Ви препорачуваме да го следите нејзиниот Инстаграм профил и сајт зошто знаеме колку труд е вложува секоја мајка која одвојува време да го сподели своето искуство, знаења и инспирации за како другите мајки да ги надминат своите потешкотии. Само напред, Мери! Прочитајте повеќе во интервјуто со Концепт мама:

Која беше инспирацијата и целта да почнете со Инстаграм профилот? 

Инспирацијата за Моја Фитнес Мама беше да помогнам на мајки кои сакаат да симнат килограми и да сменат нешто во своето секојдневие. Додека за блог за мајки сакав уште кога бев бремена, па така Моја Фитнес Мама прерасна во блог за секоја тема, проблем што ја засега мајката, жената, девојката.

Што се трудите да постигнете со постовите, видеата? Што би сакале да споделите со другите мајки?

Преку мојот веб сајт www.mojafitnessmama.com сакам да им го пренесам сето мое искуство, прочитано, научено и стекнато во било кој сегмет од мојот живот и како девојка и како мајка. Преку постовите на Инстаграм исто споделувам искуство, но повеќе мотивирам. Низ сторијата на Инстаграм гледам да прикажам дел од моето секојдневие и да го расположам и насмеам гледачот, како и некој здрав рецепт, совет мислење од другите мајки и помош може да се најде.  Се на се сакам да пренесам дека не значи ако си мајка дека животот застанал, дека се наоѓа време и за себе, дека мирна и задоволна мајка значи мирно и задоволно бебе. Дека социјалните мрежи и интернетот и те како знае да е добра доколку го користиш правилно.

Продолжи со читање